Откровение 20 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Сатаната врзан за илјада години. Гог и Магог. Страшниот суд.

1Потоа видов како од небото слегуваше ангел, кој што го имаше клучот од бездната и голема верига во раката своја:

2го фати змевот, древната змија, која што е ѓаволот и сатаната – и го врза за илјада години;

3потоа го фрли во бездната и го заклучи, ставајќи печат врз него за да не ги лаже веќе народите до завршувањето на илјадата година; по ова време тој треба да биде пуштен за малку време.

4И видов престоли и седнати на нив, на кои им беше дадено да судат, а и душите, чии глави беа исечени поради сведоштвото Исусово и заради словото Божјо, а и оние, што не му се поклонија на ѕверот, ниту на ликот негов, и не примија белег на челата свои и на рацете свои; и оживеаја и царуваа со Христа илјада години.

5Другите, пак, од умрените не оживеаја, додека не се навршат илјадата години. Тоа е првото воскресение.

6Блажен и свет е оној, кој има дел во првото воскресение; над нив втората смрт нема власт, а ќе бидат свештеници на Бога и ќе царуваат со Него илјада години.

7А кога ќе се навршат илјадата години, сатаната ќе биде пуштен од затворот свој,

8и ќе излезе да ги лаже народите по четирите краишта на земјата, Гога и Магога, и да ги собере за војна: бројот нивни е колку морскиот песок.

9Тие излегоа по ширината земна и го заобиколија живеалиштето на светиите и возљубениот град; падна од Бога оган небесен и ги проголта.

10А ѓаволот, што ги лажеше, беше фрлен во огнено и сулфурно езеро, каде што е ѕверот и лажниот пророк: тие ќе бидат мачени дење и ноќе во веки веков.

11И видов голем бел престол и Седнатиот на него, од Чие лице побегнаа земјата и небото, и за нив место не се најде.

12Потоа ги видов мртвите, мали и големи, како стојат пред Бога; се отворија книги, и друга книга се отвори – книгата на животот; и судени беа мртвите според запишаното во книгите, според делата нивни.

13Морето ги поврати мртвите свои, кои беа во него; смртта и пеколот ги повратија мртвите свои, што беа во нив; и секој прими суд според делата свои.

14А смртта и пеколот беа фрлени во огнено езеро. Тоа е втората смрт.

15И кој што не беше запишан во книгата на животот, беше фрлен во огненото езеро.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help