1По многу време, откако Господ Бог го успокои Израилот од сите околни непријатели, Исуз остаре, дојде во напредната возраст.
2И ги свика Исус сите синови Израилеви, старешините нивни, судиите нивни и управителите нивни, и им рече: »Јас остарев, сум во напредната возраст.
3Вие видовте сѐ што Господ, вашиот Бог, го направи пред лицето ваше со сите тие народи, бидејќи Господ, вашиот Бог, Самиот се бори за вас.
4Ете, ви ги поделив со жреб тие други народи во наследство на племињата ваши, сите народи што ги истребив од Јордан до Големото Море, на запад.
5Самиот Господ, вашиот Бог, ќе ги прогони од вас додека не загинат; и ќе направи против нив диви ѕверови, додека не ги истреби нив и нивните цареви од пред лицето ваше; ќе ги истреби пред вас, за да ја добиете во наследство земјата нивна, како што Господ, вашиот Бог, ви говореше.
6Затоа трудете се најточно да внимавате и да исполнувате сѐ што е напишано во книгата на Мојсеевиот закон, не клонејќи се од него ниту надесно, ниту налево.
7Не се зближувајте со народите, што останаа меѓу вас, не ги спомнувајте имињата на нивните богови, не колнете се во нив, не служете им и не се поклонувајте,
8но приврзете се кон Господа, вашиот Бог, како што правевте до денес.
9И Господ изгони од вас големи и силни народи, и никој не устои пред вас до денес;
10еден од вас прогонуваше илјада, бидејќи Самиот Господ, вашиот Бог, се биеше за вас, како што ви говореше.
11Затоа трудете се многу за да Го сакате Господа, вашиот Бог.
12Ако, пак, се повратите и се приклучите кон остатоците на тие народи, што останаа меѓу вас, и се сродите со нив, и одите кај нив, и тие кај вас,
13знајте, дека Господ, вашиот Бог, нема повеќе да ги прогонува од вас тие народи, туку ќе бидат за вас примка и мрежа, камшик за ребрата ваши и трн за вашите очи, додека не бидете истребени од таа добра земја, која Господ, вашиот Бог, ви ја даде.
14Еве, јас сега заминувам на пат каде што целиот свет заминува. А вие познавте со сето свое срце и со сета своја душа, дека не беше напразен ниеден збор од сите добри зборови, што ги говореше за вас Господ, вашиот Бог: сѐ се изврши на вас, ни еден збор не остана неисполнет.
15Но како што се изврши на вас секој добар збор, што ви го кажуваше Господ, вашиот Бог, така Господ ќе го исполни над вас секој лош збор, додека не ве истреби од оваа добра земја, што ви ја даде Господ, вашиот Бог.
16Ако го прекршите заветот на Господа, вашиот Бог, што Он ви го заповеда, и отидете да им служите на други богови и да им се поклонувате, тогаш гневот Господов ќе пламне врз вас, и брзо ќе исчезнете од оваа добра земја, која ви ја даде Господ.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.