2. Тимотеја 1 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Опомена за постојанство во верата.

1Павле, апостолот на Исуса Христа по волја Божја, според ветениот живот во Христа Исуса,

2до Тимотеја, возљубеното чедо. Благодат, милост и мир од Бога Отецот и од Христа Исуса, нашиот Господ!

3Му благодарам на Бога, Кому уште од прародителите Му служам со чиста совест, затоа што постојано те спомнувам во молитвите свои дење и ноќе;

4сеќавајќи се за твоите солзи, копнеам да те видам, за да се исполнам со радост,

5и спомнувајќи си за твојата нелицемерна вера, која порано се всели во твојата баба Лоида и во мајка ти Евника, а убеден сум дека ја има и во тебе.

6Поради тоа ти напомнувам да го распалуваш Божјиот дар, кој е во тебе преку моето ракополагање.

7Зашто Бог не ни го даде духот на стравот, туку духот на силата, љубовта и трезвеноста.

8И така, не срамувај се од страдањата на нашиот Господ Исус Христос, ниту од мене, Неговиот затвореник, туку стани учесник во страдањата за Благовестието Христово по силата на Бога,

9Кој нѐ спаси и нѐ повика кон свето звање, не поради нашите дела, туку по Својата добра волја и благодатта, што ни е дадена во Христа Исуса пред вечните времиња,

10а откриена сега со доаѓањето на нашиот Спасител Исус Христос, Кој ја уништи смртта и го осветли животот и нераспаѓањето преку Евангелието,

11за кое што сум поставен како проповедник, апостол и учител на иноверците.

12Затоа така и страдам; но не се срамувам, зашто знам во Кого сум поверувал и уверен сум дека Он е моќен мојот залог да го запази за оној ден.

13Имај ги, како образец, здравите зборови, што си ги чул од мене, со вера и љубов во Христа Исуса!

14Запази го добриот залог преку Светиот Дух, Кој живее во нас!

15Го знаеш тоа дека од мене се одвратија сите Азијци, меѓу кои и Фигел и Ермоген.

16Господ нека му даде милост на домот на Онисифора, зашто многупати ме успокои и не се посрами од веригите мои;

17а, кога дојде во Рим, ме побара со уште поголема грижа и ме најде.

18Господ нека му даде да најде милост во Него во оној ден! – А колку ми услужи тој во Ефес, ти тоа најдобро го знаеш.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help