Второзаконие 30 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Мојсеј на послушните им објавува милост, а на непослушните казна.

1»Кога ќе се збиднат врз тебе сите тие зборови – благословите и клетвите, што ти ги изложив, и ти ги земеш при срце кај сите народи, меѓу кои ќе те растури Господ, твојот Бог,

2и од сето срце и од сета душа своја ќе се обрнеш кон Господа, твојот Бог, и ќе го послушаш гласот Негов ти и синовите твои, како што ти заповедам денес, –

3тогаш Господ, твојот Бог, ќе ти ги прости сите твои гревови, ќе се смили над тебе, и пак ќе те собере од сите народи, меѓу кои те растурил Господ Бог, таму.

4Макар и да бидеш растурен од крајот на небото дури до крајот на небото и оттаму ќе те собере Господ, твојот Бог, и оттаму ќе те земе,

5и оттаму ќе те доведе Господ, твојот Бог, во земјата, што ја владееле твоите татковци, и ќе ја наследиш, и ќе ти направи Господ добро и ќе те умножи повеќе од татковците твои;

6и ќе го очисти Господ срцето твое и срцето на потомството твое, за да Го сакаш Господа, твојот Бог, од сѐ срце и со сета душа своја, и да живееш;

7тогаш, Господ, твојот Бог, ќе ги префрли сите овие клетви на непријателите твои и на оние, што те мразеа и што те гонеа;

8а ти ќе се обратиш и ќе го слушаш гласот на Господа, твојот Бог, и ќе ги исполнуваш сите заповеди Негови, што ти ги заповедам денес;

9и ќе те благослови Господ, твојот Бог, во секоја работа на рацете твои, во плодот на утробата твоја, во плодот на добитокот твој, во житата на земјата твоја; зашто Господ, твојот Бог ќе се сврти кон тебе и ќе ти се радува повторно на тебе, правејќи ти добро, како што се радуваше на татковицте твои,

10само ако го слушаш гласот на Господа, твојот Бог, и ги извршуваш сите заповеди и наредби Негови и повелби Негови, напишани во книгата на овој закон, и ако се свртиш кон Господа, твојот Бог, со сето срце свое и со сета душа своја.

11Зашто оваа заповед, што денес ти ја давам, не е тешка за тебе, ниту далеку од тебе.

12Таа не е на небото за да може да се каже: ‚кој од нас би се воздигнал на небото и би ни ја земал и донел да ја чуеме, та да ја исполниме?‘;

13ниту е преку море, за да може да се кажи: ‚кој од нас би отишол преку море и би ни ја земал и дал да ја чуеме, та да ја исполниме?‘

14Но оваа заповед е многу блиска до тебе, таа е во устата твоја и во срцето твое, за да ја исполнуваш.

15Ете, јас денес ти предложив живот и добро, смрт и зло.

16Ако ги слушаш заповедите на Господа, твојот Бог, што денес ти ги давам, – да Го сакаш Господа, твојот Бог, да одиш по сите патишта Негови и да ги извршуваш заповедите и законите Негови, – тогаш ќе живееш и ќе се намножиш, и Господ, твојот Бог, ќе те благослови во земјата, во која одиш, за да ја наследиш;

17ако, пак, се одврати срцето твое, и не послушаш, и се заблудиш, па почнеш да им се клањаш на други богови и да им служиш,

18тогаш, ви јавувам денес, дека ќе загинете и нема долго да останете на земјата, која Господ Бог ти ја дава, откога ќе го минете Јордан, за да ја наследите таму.

19Ви сведочам денес со небото и со земјата: живот и смрт ти предложив јас, благослов и проклетство. Избери го животот, за да живееш ти и потомството твое:

20да Го сакаш Господа, твојот Бог, да го слушаш гласот Негов и да се приврзеш кон Него, зашто тоа е твојот живот и долгоденствие; така ти ќе живееш на земјата, за која Господ Бог им се беше заколнал на татковците твои – Авраама, Исака и Јакова, дека ќе им ја даде.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help