1Ви ја препорачувам Фива, нашата сестра, која е слугинка при црквата во Кенхреа:
2примете ја во Господа, како што им прилега на светии, и помогнете ѝ во она, во што ќе има потреба од вас, бидејќи и таа беше помошница на мнозина и на мене самиот.
3Поздравете ги Прискила и Акила, моите сотрудници во Христа Исуса,
4кои за мојата душа ја положија својата глава; ним не само јас им благодарам, туку и сите цркви од незнабошците и нивната домашна црква.
5Поздравете го мојот возљубен Епенет, кој е првенец во Христа во Ахаја.
6Поздравете ја Маријам, која многу се грижеше за нас.
7Поздравете ги Андроника и Јунија, моите сродници и созатвореници, кои се прочуени меѓу апостолите и кои уште пред мене поверуваа во Христа.
8Поздравете ми го саканиот во Господа Амплија!
9Поздравете го нашиот сотрудник во Христа Урбана и саканиот Стахија!
10Поздравете го испитаниот во Христа Апелија! Поздравете ги верните од домот Аристовулов!
11Поздравете го мојот сродник Иродион! Поздравете ги домашните на Наркис, кои веруваат во Господа.
12Поздравете ги Трифена и Трифоса, кои се грижат за Господа. Поздравете ја почитуваната Персида, која многу се погрижи за Господа.
13Поздравете го избраниот во Господа Руф, како и неговата и моја мајка!
14Поздравете ги Асинкрита, Флегонта, Ерма, Патрова, Ермија и браќата со нив!
15Поздравете ги Филолога и Јулија, Ниреја и неговата сестра, и Олимпана и сите со нив светии!
16Поздравете се еден со друг со свет целив! Ве поздравуваат сите цркви Христови!
17Ве молам, браќа, пазете се од оние, кои предизвикуваат расцепи и соблазни против учењето, кое сте го научиле, и клонете се од нив!
18Зашто таквите не Му служат на нашиот Господ Исус Христос, туку на стомакот свој, и со слатки и ласкави зборови ги измамуваат срцата на простодушните.
19Вашата послушност во верата на сите им е позната: затоа јас се радувам за вас, но сакам да бидете мудри во доброто и прости во злото.
20А Бог на мирот наскоро ќе го сотре сатаната под нозете ваши. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со вас. Амин!
21Ве поздравуваат мојот сотрудник Тимотеј, и моите сродници Луциј, Јасон и Сосипатар.
22Ве поздравувам во Господа и јас Терциј, кој го напиша ова послание.
23Ве поздравува Гај, мој и на целата црква домаќин. Ве поздравува Ераст, градскиот благајник и братот Кварт.
24Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со сите вас. Амин!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
