1Затоа, браќа свети, учесници во небесното призвание, познајте Го Пратеникот и Првосвештеникот на нашата вера, Исуса Христа,
2Кој Му е верен на Оној, Кој Го поставил, како и Мојсеј – во целиот Му дом.
3Оти Он се удостои со толку поголема слава, отколку Мојсеевата, во колку поголема чест од домот има Оној, Кој го создал;
4зашто секој дом се гради од некого; а Оној, Кој создал сѐ, е Бог.
5И Мојсеј Му беше верен како слуга на целиот Негов дом, за да го посведочи она, што имаше да се соопшти.
6А Христос, како Син, е во Својот дом: Негов дом, пак, сме ние, само ако слободата и надежта, со кои се фалиме, ги запазиме до крај.
7Поради тоа, како што вели Светиот Дух: »Денес, кога ќе го чуете гласот Негов,
8да не ги ожесточите срцата свои, како кога се прогневивте во денот на искушувањето во пустината,
9каде што татковците ваши Ме искушаа, Ме испитаа и ги видоа делата Мои преку четириесетте години.
10Затоа се расрдив на тој род и реков: секогаш се заблудуваа во срцата свои и не ги познаа патиштата Мои.
11Затоа се заколнав во Својот гнев дека нема да влезат во Мојот покој«.
12Браќа, гледајте, да не би во некого од вас, да има лошо срце за верата, та да отстапи од живиот Бог.
13Туку потсетувајте се секој ден, додека се вели: »денес«, та никој од вас да не отрпне преку измама на гревот;
14оти ние станавме соучесници на Христа. Само, како што почнавме да добиваме од Него, да останеме наполно верни до крај;
15додека се вели »денес, кога ќе го чуете Неговиот глас, да не отрпнат срцата ваши онака, како кога бевте гневни«.
16Зашто некои, откако чуја, се побунија, но не сите, што со Мојсеја излегоа од Египет.
17Против кои негодува Он четириесет години? Нели против оние, што погрешија и чии коски останаа во пустината?
18А на кои им се заколнал дека нема да влезат во Неговиот спокој, ако не на оние, што не сакаа да веруваат?
19И така, гледаме дека тие не можат да влезат поради неверието.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
