1Има едно зло, што го видов под сонцето, и често е меѓу луѓето:
2Бог му дава на човекот богатство, имот и слава, и за душата негова нема скудности во ништо, шти и да посака; но Бог не му дава нему да се ползува од тоа, туку се ползува од него друг човек: тоа е суета и тешко зло!
3Ако некој изнароди сто синови, проживее многу години и уште му се зголемат дните на животот негов, а душата негова не се насладила на добро, та за него ќе нема дури ни погреб, подобро му е, велам, на недоносенче отколку нему,
4зашто залудо дошле и отишле во темнина, и името му е покриено со мрак.
5Тоа дури и не го видело и не го познало сонцето: но поспокојно е од оној.
6А оној, макар и да проживеал и две илјади години, без наслада од добрата, нема ли да појде сѐ на исто место?
7Сиот труд на човекот е за устата негова, но душата негова не може да се насити.
8А каква предност има умниот пред безумниот, каква – сиромавиот, кој умее да се однесува пред луѓето?
9Подобро е да гледаш со очи, отколку да посакуваш со душата. И тоа е суета и мака за духот.
10Она што постои, тоа е веќе наречено со име, и се знае, дека е тоа – човекот, и дека тој не може да се препира со оној, што е посилен од него.
11Има многу такви работи, што ја зголемуваат суетата: тогаш што е за човекот подобро?
12Зашто, кој знае што е добро за човекот во животот, во текот на сите дни на неговиот суетен живот, што тој ги поминува како сенка? И кој ќе му каже на човекот, што ќе стане по него под сонцето?
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
