1Тогаш одговори Вилдад од Сува и рече:
2»До кога ли ќе говориш така? И зборовите од устата твоја да се бурен ветар!
3Зар Бог суди криво? Може ли Седржителот да ја изопачи правдата?
4Ако твоите синови пред Него згрешиле, затоа и ги предал на нивното беззаконие.
5Но ако со срце Го побараш Бога и Му се помолиш за милост на Вседржителот,
6и ако си чист и праведен, Он уште сега ќе ја услиши молитвата Твоја; и ќе го обнови животот твој како на праведник.
7И ако порано си имал малку, после ќе имаш повеќе.
8Запрашај ги поранешните поколенија и вникни во мудроста на нивните татковци;
9ние сме вчерашни и ништо не знаеме, нашите дни се како сенка на земјата.
10Зар тие нема да те научат, зар тие нема од срцето свое да кажуваат зборови:
11никнува ли шевар без влага? Расте ли трска без вода?
12Додека е уште зелена и додека непресечена, таа се суши пред секоја трева.
13Такви се патиштата на сите, што го забораваат Бога; така пропаѓа надежта на безбожниот;
14надежта му е тенка нишка, вербата негова – мрежа пајакова.
15Ако се потпре на куќата своја, нема да устои; ќе се фати ли за неа, нема да додржи.
16Се зеленее тој, на сонцето вирее, неговите фиданки градината ја прекриваат,
17во грамада од камења се вплетуваат корењата негови, живот црпи од живиот камен.
18Но кога ќе го искорнат од местото негово, тоа ќе се откаже и ќе рече: не сум те познавало!
19Ете ја радоста на неговито пат! А од земјата никнуваат растенија други.
20Не, Бог не ги отфрла непорочните и не ја поддржува раката на беззакониците.
21Со смеа ќе ја наполни устата твоја, и усните твои – со радосни извици.
22Оние што те мразат, со срам ќе се покријат, шаторот на нечесните ќе исчезне.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
