Второзаконие 31 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Мојсеј ја напушта службата и на свое место го поставува Исуса.

1Откако заврши Мојсеј да им ги кажува тие зборови на сите синови Израилеви,

2им рече: ‚Сега сум на сто и деведесет години; не можам веќе да излегувам и да влегувам, и Господ ми рече: – ти нема да ја минеш реката Јордан –;‘

3Господ, твојот Бог, Сам ќе тргне пред тебе; Он ќе ги истреби тие народи пред тебе, и ти ќе ги наследиш; Исус ќе тргне пред тебе, како што рече Господ;

4и ќе постапи Господ со нив така како што постапи со Сиона и со Ога, цареви Аморејски, кои беа од оваа страна на Јордан, и со земјите нивни, кои Он ги уништи;

5и ќе ви ги предаде Господ, и вие ќе постапите со нив според сите заповеди, што ви ги дадов.

6Бидете цврсти и храбри, не бојте се, не ужасувајте се, ниту се плашете од нив, зашто Господ, твојот Бог, Самиот ќе тргне пред вас, и нема да отстапи од тебе и нема да те остави.

7Тогаш Мојсеј го повика Исуса и пред сите Израилци му кажа: »Биди цврст и храбар, зашто ти ќе влезеш со овој народ во земјата, за која Господ им се заколна на татковците ваши дека ќе им ја даде, и ти ќе им ја разделиш со жреб.

8И Господ ќе тргне со тебе, ќе биде со тебе, нема да отстапи од тебе и нема да те остави: не плаши се и не ужасувај се.«

9И ги напиша Мојсеј овие заповеди од законот и им го предаде на свештениците, синови Левиеви, кои го носеа ковчегот на заветот Господов, и на сите старешини на Израилевите синови.

10И им вети Мојсеј и им рече »По седум години, во прошталната година, на празникот Сеници,

11кога целиот Израил ќе дојде да се јави пред Господа, твојот Бог, на место што ќе го одбере Господ, прочитајте го гласно овој закон пред целиот Израил;

12собери го народот, мажите, жените, децата и придојдените свои, што се наоѓаат во градовите ваши, за да чујат и да се научат да се плашат од Господа, вашиот Бог, и да пазат да ги исполнуваат сите заповеди од овој закон;

13и синовите нивни, кои не го знаат тоа, ќе чујат и ќе се научат да се плашат од Господа, вашиот Бог, преку сите денови, додека живеете во земјата, за која ќе го минете Јордан, за да ја наследите.«

14И му рече Господ на Мојсеја: »Ете, твоите денови се приближија до смртта твоја; повикај го Исуса, и застанете пред влезот во скинијата на сведоштвото, и Јас ќе му дадам заповед!« И дојде Мојсеј со Исуса, и застана пред влезот од скинијата на сведоштвото.

15И се јави во скинијата Господ во облаков столб, и застана облаковиот столб при влезот од скинијата на сведоштвото.

16И му рече Господ на Мојсеја: »Ете, ти ќе се прибереш кај татковците свои, а овој народ ќе почне да се заблудува по туѓите богови на онаа земја, во која оди, ќе Ме остави и ќе го наруши заветот Мој, што им го ветив;

17и ќе се разгори јароста Моја против него во овој ден, а Јас ќе ги оставам и ќе го свртам лицето Свое од нив, и тој ќе биде истребен, и ќе го снајдат многу несреќи и жалости, и ќе речат во тој ден: ‚бидејќи не е Господ Бог во нас, нѐ снајдоа овие зла.‘

18А Јас со одвратност ќе го свртам лицето Мое од нив во оној ден поради сите нивни беззаконија, што ќе ги направат, бидејќи ќе се обрнат кон туѓи богови.

19И така, напишете ги зборовите на таа песна, научете ги синовите Израилеви на неа и стаевте има ја во устата нивна, за да Ми биде таа песна сведоштво во синовите Израилеви;

20зашто Јас ќе ги воведам во добра земја, каде што тече мед и млеко, како што им се заколнав на татковците нивни дека ќе им ја дадам; тие ќе јадат, и откако ќе се наситат, ќе се обрнат кон туѓи богови и ќе им служат, а Мене ќе ме разгневат и ќе го нарушат заветот Мој, што им го ветив;

21и кога ќе ги снајдат многу несреќи и жалости, таа песна ќе биде против нив како сведоштво, бидејќи таа нема да излезе од устата нивна и од устата на потомството нивно. Јас им ја знам злобата нивна сега, уште пред да ги воведам во добрата земја, за која им се заколнав на татковците нивни.«

22И во оној ден ја напиша Мојсеј таа песна и ги научи синовите Израилеви на неа.

23И му заповеда Мојсеј на Исуса, синот Навинов, и му рече: »Биди цврст и храбар, зашто ти ќе ги воведеш синовите Изриалеви во земјата, за која им се заколна Господ, и Он ќе биде со тебе.«

24А кога Мојсеј ги напиша во книга сите зборови од овој закон дури до крајот,

25им заповеда на левитите, кои го носеа ковчегот на заветот Господов, велејќи:

26»Земете ја оваа книга на законот и ставете ја покрај ковчегот на заветот Господов, вашиот Бог, и таа ќе биде таму како сведоштво;

27зашто јас ја знам твојата упорност и жестоката тврдоглавост; ете и сега, кога живеам со вас, вие сте упорни пред Господа, а колку повеќе по смртта моја?

28Соберете ги при мене сите ваши началници на племињата, старешините, судиите и надзорници свои, и јас ќе им ги кажам гласно овие зборови, а сведоци ќе ми бидат небото и земјата

29зашто знам, дека по смртта моја вие ќе вршите беззаконија и ќе отстапите од патот, што ви го заповедав, и подоцна ќе ве снајдат незгоди, затоа што ќе правите зло пред Господа Бога, разгневувајќи Го со делата на рацете ваши.«

30И Мојсеј ги кажа гласно пред целото израилско собраните зборовите на таа песна до крај

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help