1Во дваесет и третата година на Јоаса, синот на јудејскиот цар Охозија, стана цар над Израилот во Самарија, Јујевиот син Јоахаз, и царуваше седумнаесет години;
2тој го вршеше, она што не беше угодно пред очите на Господа, и одеше во гревовите на Наватовиот син Јеровоама, кој го беше навел во грев Израилот, и не отстапуваше од нив.
3И се разгори гневот на Господа против Израилот, и Он го предаде во раката на сирискиот цар Азаил и во раката на Азаиловиот син Адад, за сето она време.
4Јоахаз се помоли пред лицето на Господа, и Господ го чу, зашто ја виде неволјата на Израилците, како ги притеснуваше сирискиот цар.
5И Господ им даде на Израилците спасител, и тие се оттргнаа од раката на Сиријците, и живееја синовите Израилеви во шаторите свои, како вчера и завчера.
6Меѓутоа не отстапуваа од гревовите на домот на Јеровоама, кој го беше навел во грев Израилот; одеа по нив, а дубравата сѐ ушта стоеше во Самарија.
7На Јоахаза му остана војска само педесет коњаници, десет коли и десет илјади пешаци, зашто сирискиот цар ги беше истребил и претворил во прав, што се тапка.
8Другото за Јоахаза и за сѐ, што тој го извршил, и за неговите јуначки подвизи, е опишано во летописите на израилските цареви.
9И почина Јоахаз при татковците свои, и го погребаа во Самарија. А место него стана цар синот негов Јоас.
10Јоахазовиот син Јоас стана цар над Израилот во Самарија во триесет и седмата година на јудејскиот цар Јоас; царуваше шеснаесет години.
11И тој го вршеше она што не беше угодно пред очите на Господа; не отстапуваше во ниеден од гревовите на Наватовиот син Јеровоама, кој го беше навел на грев Израилот, туку одеше по нив.
12Другото за Јоаса и за сѐ она, што тој го изврши, и за неговите јуначки подвизи, како војувал против јудејскиот цар Амасија, е опишано во летописите на израилските цареви.
13И почина Јоас при татаковците свои, а на престолот негов седна Јеровоам. Јоас беше погребан во Самарија, при израилските цареви.
14Јелисеј се разболе од болест, од која подоцна умре. Дојде при него израилскиот цар Јоас, плачеше над него, велејќи: »Оче мој, оче мој, колата на Израилот и неговата коњица!«
15И му рече Јелисеј: »Земи лак и стрели.« И тој зеде лак и стрели.
16Тогаш му рече: »Стави ја раката на лакот.« И тој ја стави раката. Тогаш Јелисеј ги стави рацете свои врз рацете на царот
17и рече: »Отвори го прозорецот кон исток.« И тој го отвори. А Јелисеј рече: »Стрелај!« И тој стрелаше. Потоа Јелисеј рече: »Таа стрела за спасение е од Господа, таа е спасителната срела против Сирија, и ти ќе ги поразиш до нозе Сиријците во Афек.«
18И продолжи Јелисеј и рече: »Земи стрели!« И тој зеде. Пак му рече на израилскиот цар: »Удри во земјата!« И тој удри трипати и запре.
19И му се разгневи Божјиот човек и рече: »Требаше да удриш петпати или шестпати, тогаш ќе ги разбиеш докрај Сиријците, а сега ќе ги поразиш Сиријците само трипати.«
20Умре Јелисеј и го погребаа. А на другата година моавските луѓе навлегоа во земјата.
21И ете, кога погребуваа еден човек, оние што го погребуваа, таму ги видоа тие луѓе, го фрлија тој човек во Јелисеевиот гроб, и тој, падна, се допре до Јелисеевите коски, оживе и се исправи на нозете свои.
22Сирискиот цар Азаил ги мачеше Израилците во сите денови на Јоахаза.
23Но Господ се смили над нив и ги помилува; се сврти кон нив поради заветот Свој со Авраама, Исака и Јакова и не сакаше да ги истреби, и не ги отфрли од лицето Свое до денес.
24Сирискиот цар Азаил умре, и место него стана цар синот негов Адад.
25Јоахазовиот син Јоас ги поврати од рацете на Азаиловиот син Адад градовите, што тој ги беше презел со војна од рацете на татка му Јоахаза. Трипати го разби Јоас, и ги врати Израилевите градови.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.