1А не срамувај се, еве, од што и со лицемерство не греши;
2не срамувај се точно да го исполнуваш законот на Севишниот, од заветот и пресуда строга да изречеш над безбожник;
3да се расправаш со другар и со туѓинец, ниту да го делиш наследството со други;
4од точни мерки и мерења, од мала или од голема придобивка;
5од чесност при купување и продавање, од строго воспитување на деца и од казнување до крв на лош слуга.
6При љубопитна жена добро е да имаш печат, а каде што има многу раце, заклучувај.
7Ако даваш, давај со сметка и со мерење; бележи го и давањето и примањето.
8Не срамувај се да поучуваш глупав и неразумен и престарен што со млади се натпреварува. Тогаш ќе бидеш вистински воспитан и сите ќе те почитуваат.
9Ќерката за таткото е постојана грижа; грижата за неа сонот му го прогонува: во младоста – немажена да не остане, а кога ќе се мажи – мажот нејзин да не ја намрази;
10додека е девица, да не биде измамена и да не забремени во таткова куќа; кога се омажи – брачната верност да не ја наруши, а кога е веќе со мажот – да не остане неплодна.
11Ако ќерката твоја е бесрамна, добро ја пази, срам да не ти донесе пред твоите непријатели; да не станеш за срам во градот и укор пред народот, пред луѓето да не те посрами.
12На човечка убавина не гледај и меѓу жени не седи.
13Како молецот што излегува од облеката, така лукавството излегува од жената.
14Подобро е и лош маж, отколку лицемерна жена, која може да ве посрами во однесувањето.
15Сега ќе ги спомнам делата Божји; што сум видел, за тоа ќе кажувам. Со зборови Господ ги создаде Своите дела:
16Светлото сонце сите ги грее, неговото дејство со слава Божја е полно.
17Господ ни на ангелите не им дал сила да говорат за сите Негови чуда, кои Тој, Бог Седржителот ги создал, та врз нив да стои цврсто вселената, што ја создал во Своја слава.
18Тој проникнува во бездната и во срцето, ги знае сите нивни тајни; Господ го има сето знаење: знае сѐ што постои и сите знаци на времето.
19Тој ги објавува минатото и иднината, ги открива трагите на она што е сокриено.
20Ни една мисла не Го одминува; ни еден збор не е сокриен од него.
21Тој ги создал големите дела на Својата премудрост; Тој живее од век во век.
22Тој не се зголемил ниту намалил; Тој не бара никаков советник.
23Колку се пожелни Неговите дела, иако само како искри можеме да ги видиме.
24Сѐ живее и трае додека за сите потреби и сѐ на Него Му се покорува.
25А сѐ е двојно, едно спроти друго; ништо несовршено не создал Тој.
26Едно од друго е подобро; кој може да се насити, гледајќи ја Неговата слава?
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
