Евреите 6 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Потребно е чување од отпадништво во верата и да се има постојаност како и надеж во Заветот.

1Затоа да го оставиме почетокот на Христовото учење и да се стремиме кон совршенство, да не полагаме пак основа на покајанието од мртви дела и на верата во Бога,

2на науката за крштавањето, за возлагањето раце, за воскресението на мртвите и за вечниот суд.

3И ова ќе го направиме, ако позволи Бог.

4Зашто оние, кои веднаш се просветија, вкусија од небесниот дар, станаа учесници на Светиот Дух.

5И, откако вкусија од добриот збор Божји и од силите на идниот век,

6отпаднаа – не е можно пак да бидат обновени за покајание, кога повторно во себеси го распнуваат Синот Божји и Го хулат.

7Оти земја, кога го впива дождот, што често паѓа на неа, и раѓа плод добар за оние што ја обработуваат, од Бога добива благослов;

8а онаа, што дава трње и боцки, таа е непотребна и близу е до проклетството, кое завршува со изгорување.

9Од вас, возљубени, ние очекуваме нешто подобро и спасително, иако така зборуваме.

10Зашто Бог не е неправеден, та да го заборави делото ваше и трудот во љубовта, што ги покажавте во Негово име, откако им послуживте и им служите на светиите.

11А ние сакаме, секој од вас да ја покажува истата усрдност за одржување на полната надеж до крај,

12та да не станете мрзливи, туку да ги подражавате оние, кои што преку вера и трпение ги добиваат ветувањата.

13Бог, кога му ветуваше на Авраама, бидејќи немаше ништо поголемо, во што би се заколнал, се заколна во Себеси,

14велејќи: »Навистина ќе те благословам и преблагословам, ќе те размножам и преумножам«,

15и така, со долго трпение, тој го доби ветеното.

16Луѓето, пак, се колнат во погорно од себеси, и клетвата како потврда на секоја нивна препирка тура крај.

17Затоа Бог, кога на наследниците на ветувањето сакаше нарочно да им ја покаже Својата неизменлива волја, посведочи со клетва,

18та преку две неизменливи работи, во кои не е можно Бог да излаже, да имаме голема утеха и ние, кои што прибегнуваме да се прифатиме за надежта, што ни е дадена,

19а која е за нашата душа цврст и сигурен ленгер, и кој влегува дури зад завесата,

20каде што Исус за нас влезе најнапред, откако стана вечен Првосвештеник по чинот Мелхиседеков.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help