Судии 4 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Варак и Девора.

1Кога умре Аод, Израилевите синови пак почнаа да прават зло пред Господа.

2И Господ ги предаде во рацете на хананскиот цар Јавин, кој царуваше во Асор, и на неговиот војвода Сисар, кој живееше во Арисот.

3И повикаа Израилевите синови кон Господа; зашто Јавин имаше деветстотини железни коли и ги притискаше Израилевите синови дваесет години.

4Во тоа време судија на Израилот беше пророчицата Девора, жената Лафидотова;

5таа живееше под палма, меѓу Рама и Ветил, во Ефремовата гора и одеа кај неа Израилевите синови на суд.

6Девора испрати по Варака, синот на Авинеема од Кедес Нефталимов, и му рече: »Зар не ти заповеда Господ, Бог Ираилев: – иди, собери народ на гората Тавор и земи со себеси десет илјади души од Нефталимовите синови и од Завулоновите синови;

7Јас пак, ќе го доведам при тебе, кај потокот Кисон, Јавиновиот војвода Сисар, и колите негови и многуилјадната војска негова, и ќе ти го предадам во твои раце.«

8Варак ѝ одговори: »Ако дојдеш со мене, ќе отидам; ако не дојдеш со мене, нема да отидам, зашто не го знам денот, во кој Господ ќе го испрати Ангелот со мене.«

9Таа му рече: »Добро, ќе дојдам со тебе; само знај, дека нема да биде славата твоја по патот, по кој ќе одиш; зашто во женска рака ќе го предаде Господ Сисара.« И Девора стана и тргна со Варака за Кедес.

10И Варак ги повика Завулоновците и Нефталимовците во Кедес, и по него тргнаа десет илјади души, и Девора појде со него.

11Тогаш Кенеецот Хавер се оддели од Кенејците, синови на Овав, Мојсеев роднина, и го постави шаторот свој кај дабот, блузу до Кедес.

12И му јавија на Сисара дека Авинеемовиот син Варак излегол на гората Тавор.

13Сисар ги собра сите коли, деветстотини железни коли, и сиот народ, што беше со него, од Арисот незнабожечки кај потокот Кисон.

14И Девора му рече на Варака: »Стани, бидејќи денес е денот, во кој Господ ќе го предаде Сисара во рацете твои; Сам Господ ќе тргне пред тебе.« И Варак слезе од гората Тавор, и по него – десет илјади души.

15Тогаш Господ го доведе во забуна Сисара и сите негови коли и целиот народ негов пред Вараковиот меч, и Сисар слезе од колата своја и избега пеш.

16Варак ги подгони колите негови и народот до дубравата незнабожечка и целиот народ Сисаров падна од остар меч, та не остана ниеден.

17А Сисар побегна пеш до шаторот на Јаил, жената на Кенеецот Хавер, зашто меѓу асорскиот цар Јавин и домот на Кенеецот Хавер имаше мир.

18Тогаш излезе Јаил и му рече на Сисара: »Влези господару мој, влези при мене, не плаши се!« Тој влезе при неа во шаторот, и таа го покри со наметката своја.

19Сисар ѝ рече: »Дај ми малку вода да пијам, жеден сум.« Таа одврза мев со млеко, му даде да пие и пак го покри.

20Сисар повторно ѝ рече: »Стој при влезот на шаторот и, ако некој додје и те праша: ‚нема ли некој тука?‘ а ти одговори – ‚нема‘«.

21Јаил, Хаверовата жена, зеде еден колец од шаторот, зеде и чекан во раката своја, и отиде тивко при него, та му го заби колецот во слепоочниците негови, така што тој допре до земјата; а тој уморен спиеше, – и издивна.

22И ете, Варак, трчаше по Сисара. Јаил го пречека и му рече: »Влези, јас ќе ти го покажам човекот, што го бараш.« Тој влезе при неа, и ете, Сисар лежи мртов, и колецот во слепоочниците негови.

23Така го покори Господ Бог во тој ден хананскиот цар Јавин пред синовите Израилеви.

24Раката на синовите Израилеви се засилуваше сѐ повеќе и повеќе над хананскиот цар Јавин, додека тие најпосле не го истребија.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help