1Боже, незнабожците дојдоа во Твоето наследство, го осквернија светиот Твој храм, Ерусалим го претворија во урнатини.
2Мртвите тела на Твоите слуги им ги дадоа како храна на птиците небесни, а телата на Твоите светии – на земните ѕверови;
3ја пролија нивната крв како вода околу Ерусалим, и немаше кој да ги погребе.
4Станавме за потсмев на соседите наши, срам и подбив за оние што се околу нас;
5До кога, Господи, ќе се разгневуваш постојано, до кога ќе гори лутината Твоја како оган?
6Излеј го гневот Свој врз народите, што не Те познаваат, и врз царствата, кои не го признаваат името Твое,
7зашто тие го испојадоа Јакова и местото негово го опустошија.
8Не спомнувај ги нашите поранешни беззаконија, туку побрзај да нѐ престретнеш со Својата милосрдност, зашто многу сме осиромашени.
9Помогни ни, Боже, Спасителе наш, поради славата на името Твое, избави нѐ и очисти нѐ од гревовите наши заради името Твое!
10Зашто незнабожците да велат: »Каде е нивниот Бог?« Барем пред очите наши да ја видиме одмаздата над незнабожците за пролеаната крв на Твоите слуги.
11Да дојде пред Тебе офкањето на окованите; со силата на Твојата мишка зачувај ги синовите осудени на смрт.
12Седумкратно врати ги во пазувите на нашите соседи хулењата, со кои Те хулеа Тебе, Господи.
13А ние, пак, народот Твој и овци од Твоето пасиште, вечно ќе Те славиме и од род во род ќе разгласуваме за Тебе похвала.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
