Дела 6 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Избор на седуммина за делење храна. Заедницата расте. Стефан е обвинет.

1Кога учениците се намножија, елинистите се побунија против Евреите дека при секојдневното делење храна не биле пригледувани нивните вдовици.

2Тогаш дванаесетте, штом го свикаа целото мноштво ученици, рекоа: »Не е добро ние да го оставиме словото Божјо и да се грижиме околу трпезите.

3Затоа, браќа, изберете меѓу вас седуммина чесни луѓе, исполнети со Дух Свети и мудрост, што ќе ги поставиме на таа служба;

4а ние постојано ќе пребиваме во молитва и служба на словото.«

5Овој предлог му се свиде на сиот народ; па ги избра: Стефана, човек исполнет со вера и Дух Свети, и Филипа, и Прохора, и Никанора, и Тимона, и Пармена, и Николаја, придојден, од Антиохија;

6нив ги претставија пред апостолите, а овие, штом се помолија, ги положија рацете над нив.

7И така, словото Божјо растеше, и бројот на учениците во Ерусалим се зголемуваше; и големо мнозинство на свештеници се покоруваа пред верата.

8А Стефан, исполнет со вера и сила, вршеше големи чудеса и знаци меѓу луѓето.

9Тогаш станаа некои од синагогата, наречена синагога на Либертинците, и од синагогата на Киринејците и од Александријците, како и оние што беа од Киликија и Азија, и почнаа да се препираат со Стефана;

10но не можеа да му се спротивставуваат на мудроста и Духот, со Кого тој зборуваше.

11Затоа подучија некои луѓе да речат: »Го чувме да хули на Мојсеја и на Бога.«

12И го побунија народот, старешините и книжниците и, откако го нападнаа, го фатија и го одведоа во Синедрионот.

13И претставија лажни сведоци, кои рекоа: »Овој човек не престанува да хули на ова свето место и на Законот,

14оти го чувме како зборува: ‚Овој Исус Назареец ќе го разруши ова место и ќе ги измени обичаите, што ни ги предаде Мојсеј.‘«

15И сите што беа во Синедрионот, се вгледаа во него и видоа дека лицето негово му беше како лице на ангел.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help