1 Царства 29 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Филистејците го враќаат Давида.

1Филистејците ги собраа сите свои доброволни чети во Афек, а Израилците се улогорија при изворот, кој е во Језраел.

2Кнезовите филистејски врвеа со стотици и илјади, а Давид и луѓето негови одеа зад нив со Анхуса.

3И говореа кнезовите филистејски: »Какви се тие Евреи?« Анхус им одговараше на кнезовите филистејски: »Зар не знаете, дека е тоа Давид, слугата на Саула, царот израилски? Тој е кај мене повеќе од една година, и јас не најдов кај него ништо лошо, откако е дојден до денес.«

4И почнаа да негодуваат против него кнезовите филистејски и му рекоа: »Испрати го тој човек; нека си оди на местото, што си му го определил, за да не оди со нас во војна и да не стане наш противник во војната. Со што може да го смилостиви господарот свој, ако не со главите на овие наши луѓе?

5Не ли е тоа оној Давид, на кого му пееја во хоровите, велејќи: Саул порази илјади, а Давид – десетици илјади?«

6И Анхус го повика Давида и му рече: »Жив Господ! Ти си чесен, и на очите мои би им било мило да излегуваш и да влегуваш со мене во моето војување; зашто јас не сум забележал во тебе ништо лошо, откако си дојден при мене дури до денес; но во очите на кнезовите ти не си добар.

7Затоа, врати се сега, оди си со мир и не ги дразни кнезовите филистејски.«

8Но Давид му рече на Анхуса: »Што сум направил и што си нашол кај твојот слуга, откако сум пред лицето твое и до денес? Зошто да не одам и да не војувам против непријателите на мојот господар, царот?«

9Анхус му одговори на Давида: »Биди уверен, дека во очите мои ти си добар како ангел Божји; но кнезовите филистејски рекоа: ‚Нека не доаѓа тој со нас во војна.‘

10Затоа стани утре рано, ти и слугите на господарот твој, што дошле со тебе и одете во местото, што ви го определив, и немој да имаш лоша мисла во срцето свое, зашто пред мене ти си добар; станете утре рано и, штом ќе се раздени, одете.«

11И Давид стана, тој и луѓето негови, за да тргнат рано изутрината и да се вратат во земјата Филистејска. А Филистејците отидоа да војуваат во Језраел.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help