2 Летописи 15 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Пророштвото на Азарија и обновувањето на заветот.

1Тогаш Духот Божји слезе врз Азарија, син Ададов.

2Тој излезе да го пресретне Аса и сите Јудејци и Венијаминовци, и им рече: »Послушајте ме, Аса и сите Јудејци и Венијаминци: Господ е со вас, кога сте вие со Него; и ако Го барате, ќе Го најдете; ако, пак, Го оставите, и Он ќе ве остави.

3Многу дни Израилот ќе биде без вистински Бог, без свештеник да поучува, и без закон;

4но кога во притеснетоста своја ќе се обрне кон Господа, Бога Израилев, и ќе Го побара, и ќе Го најде.

5Во тие времиња нема да има мир ни за оние што излегуваат, ни за оние што влегуваат; зашто ќе има голема збрка меѓу сите жители земни;

6народ ќе се бие со народ, и град со град, затоа што ќе ги смути Бог со секакви неволји.

7Но вие држете се цврсто, и рацете ваши да не ослабуваат, зашто ќе има награда за делата ваши.«

8Кога ги чу Аса тие зборови и пророштвата на Азарија, син на пророкот Адада, тој се охрабри и ги премавна незнабожечките гнасотии од целата земја Јудејска и Венијаминова, и од градовите на Евремовата гора, што ги беше презел, го обнови и жртвеникот Господов, што беше пред Господовиот трем.

9Тогаш ги собра сите Јудејци и Венијаминовци и преселените од Ефрема, Манасија и Симеона, кои живееја со нив; зашто многу Израилци преминаа кон него, откако видоа, дека Господ, неговиот Бог, е со него.

10И се собраа во Ерусалим во третиот месец на петнаесеттата година од царувањето на Аса.

11Во тој ден принесоа жртва на Господа од пленот, што го донесоа: од крупниот добиток седумстотини и од ситниот – седумдесет илјади.

12Склучија завет да Го бараат Господа, Бога на татковците свои, од сѐ срце и од сета душа;

13а секој, што не Го побара Господа, Бога Израилев, да умре – бил тој мал или голем, маж или жена.

14И се заколнаа во Господа громогласно со восклици и при звукот на трубите и роговите.

15И сите Јудејци се радува на таа заклетва, зашто се колнеа од сѐ срце и со сета волја. Го бараа Господа, и Го најдоа. Тогаш Господ им даде спокојствие од сите страни.

16А мајка си Маха царот ја лиши од царското достоинсто, затоа шти беше ѝ служела на Астарта. Аса го сруши идолот нејзин, го исече на парчиња и го изгори во Кедронскиот дол.

17Иако идолските светилишта не беа премавнати во Израилот, но срцето на Аса беше наполно предадено на Господа во сите дни негови.

18Тој го внесе посветеното од таткото свој во Божјиот дом; среброто, златото и садовите.

19И немаше војна до триесет и петтата година од царувањето на Аса.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help