Захарија 6 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Повторно пророкување за човекот зачетник.

1Пак ги подигнав очите свои и гледам: а таму, ете, излегуваат четири коли со коњи од еден дол меѓу две планини, а тие планини беа од бакар.

2Кај првата кола коњите беа црвеникави, кај втората црни;

3кај третата кола коњите беа бели, а кај четвртата кола – сиви и силни.

4Проговорив и му реков на ангелот, што зборуваше со мене: »А што значи ова, господине мој?«

5Ангелот одговори и ми рече: тоа се четирите небесни духа, кои излегуваат да се претстават пред Господа над целата земја.

6Враните коњи излегуваа кон северната страна, а белите одеа по нив, додека сивите коњи одеа кон јужната страна.

7Излегоа и силните, па се впуштија да ја обиколат земјата; и он им рече: »обиколете ја земјата«, и тие ја обиколија.

8Тогаш тој ме повика и ми рече: ете, оние што отидоа кон северната страна, го успокоија духот Мој против северната страна.

9И пак би слово Господово до мене:

10земи од дојдените робја, од Халдеја, од Товија и од Једаја, и тргни истиот ден, па дојди во домот на Јосија, синот Софониев, каде што тие пристигнаа од Вавилон.

11Земи од нив сребро и злато, па направи венци, и стави ги на главата на Исуса, синот Јоседеков, големиот архиереј,

12и речи им: вака вели Господ Саваот: »Ете, маж, името Негово е Зачетник,« Он ќе израсне од коренот свој и ќе создаде храм Господен.

13Он ќе создаде храм Господен и ќе се прослави, ќе седне на престолот свој и ќе биде владетел, ќе биде и свештеник на престолот свој, и ќе има согласност за мир меѓу едниот и другиот.

14А венци ќе бидат за Хелема и Товија, за Једаја и Хена, синот Софониев, како спомен во храмот Господен.

15И оддалеку ќе дојдат луѓе, што ќе учествуваат во градењето, на храмот, и вие тогаш ќе разберете, дека Господ Саваот ме испрати при вас, и сето тоа ќе се изврши, ако искрено го послушате гласот на вашиот Господ Бог.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help