1 Летописи 21 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Поради пребројување на народот Господ го казнува Давида.

1Се крена сатаната против Израилот и го поттикна Давида да ги преброи Израилците.

2И Давид му рече на Јоава и на началниците народни: »Одете, пребројте ги Израилците од Вирсавија до Дан, и соопштете ми за да го знам бројот нивни.«

3Јоав рече: »Да го намножи Господ народот Свој стопати повеќе, отколку што е! Сите тие, господаре мој, царе, нели се слуги на мојот господар? Зошто го сака тоа мојот господар? Зошто тоа да се запише како грев на Израилот?«

4Но царскиот збор надвладеа над Јоава. И отиде Јоав, та го обиколи сиот Израил, и дојде во Ерусалим.

5И му даде Јоав на Давида список на преборениот народ. Сите Израилци беа илјада илјади, и сто илјади мажи мечоносци, и Јудејци четиристотини и седумдесет илјади мечоносци.

6А левитите и Венијаминовите не ги преброи со нив, зашто царскиот збор му беше одвратен на Јоава.

7Тоа нешто не беше угодно во очите на Бога, и Он го порази Израилот.

8И Давид Му рече на Бога: »Многу згрешив, што го направив тоа. Сега прости му ја вината на Твојот слуга, зашто постапив многу неразумно.«

9И му рече Господ на Гада, јасновидецот Давидов:

10»Оди и кажи му на Давида: вака вели Господ: Тие казни ти предлагам; избери си една од нив, и Јас ќе ја испратам врз тебе.«

11Дојде Гад при Давида и му рече: »Така вели Господ избери си:

12‚или три години глад, или три месеци да бидеш прогонуван од твоите непријатели, и мечот на твоите непријатели да се допира до тебе; или три дена мечот Господов и помор по земјата и Ангел Господов да убива по сите предели на Израилот.‘ И така, види што да Му одговорам на Оној, Кој ме испрати со овие зборови.«

13Давид му одговори на Гада: »Многу ми е тешко, но подобро да паднам во рацете на Господа, зашто милосрдието Негово е многу големо; само да не паднам во рацете човечки.«

14И испрати Господ помор на Израилот, и умреа седумдесет илјади души Израилци.

15Па го испрати Господ Ангелот во Ерусалим, за да го истребува. И кога почна да го истребува, Господ виде и се покаја порати тоа зло, и му рече на Ангелот истребител: »Доста! Сега спушти ја раката своја!« А Ангелот тогаш стоеше над гумното на Јевусеецот Орна.

16Давид ги крена очите и го виде Ангелот Господов како стои меѓу небото и земјата со гол меч во раката негова, протегнат над Ерусалим; и падна Давид ничкум и старешините, покриени со вреќишта.

17И Му рече Давид на Господа: »Нели јас наредив да го пребројат народот? Јас згрешив, јас направив зло, а овие овци што направиле? Господи, Боже мој! Нека биде Твојата рака врз мене и врз мојот татков дом, а не врз Твојот народ, за да го погубиш.«

18И Ангелот Господов му рече на Гада, за да му каже на Давида: »Нека дојде Давид и нека постави жртвеник на Господа врз гумното на Јевусеецот Орна.«

19Давид отиде, според зборовите на Гада, кој му говореше од името Господово.

20Орна се сврти, го вида Ангелот, и четворицата синови негови се сокрија со него. Орна тогаш вршеше пченица.

21Дојде Давид при Орна. Орна, откако погледа и го вида Давида, излезе од гумното и му се поклони на Давида ничкум до земја.

22Давид му рече на Орна: »Дај ми го местото на гумново, јас ќе изградам на него жртвеник на Господа; дај ми го за онолку колку што чини, за да се прекине истребувањето на народот.«

23Орна му одговори на Давида: »Земи го: нека мојот цар-господар прави што му е волја; еве, ги давам и воловите за сепаленици, и плуговите дрвени, и пченицата – за принос; сето тоа го давам како дар.«

24Царот Давид му рече на Орна: »Не, јас сакам да го купам тоа од тебе за онолку колку што чини, зашто нема да Му принесувам на Господа твој имот и нема да принесувам сепаленици од нешто, земено како подарок.«

25И Давид му даде на Орна за она место шестотини сикли злато.

26Па изгради Давид таму жртвеник на Господа и Му принесе сепаленици и мирни жртви; и Го призва Господа, и Он го послуша, испраќајќи оган од небото врз жртвеникот за сепаленици.

27Тогаш Господ му рече на Ангелот: »Врати го мечот свој во ножницата негова!«

28Во тоа време Давид, откако виде дека Господ го послуша на гумното на Јевусеецот Орна, таму принесе жртва.

29А Господовата скинија, што беше ја направил Мојсеј во пустињата, и жртвеникот за сепаленици во тоа време се најдоа на Гаваонската висина.

30И Давид не можеше да оди таму, за да Го побара Бога, зашто беше уплашен од мечот на Ангелот Господов.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help