1Господи, услиши ја молитвата моја, чуј го молењето мое поради Твојата вистина; услиши ме поради Твојата правда
2и не стапувај во суд со Твојот слуга, зашто пред Тебе нема да се оправда ниту еден од живите.
3Непријателот ја прогонува душата моја, го понизил животот мој дури до земјата, ме остави во темнина како оние кои се одамна умрени;
4опадна духот мој во мене, се вознемири во мене срцето мое.
5Се сетив на дамнешните дни и размислував за сите Твои дела, расудував заделата на Твоите раце.
6Ги протегнав кон Тебе рацете мои, душата моја е жедна за Тебе како сува земја.
7Улиши ме, поскоро, Господи: духот мој малакса; не одвраќај го лицето Свое од мене, за да не заприлегам на оние, што слегуваат во гроб.
8Соопшти ми ја утрената милост Твоја, зашто на Тебе се надевам, Господи. Покажи ми го, Господи, патот по кој да одам, зашто кон Тебе ја вознесувам душата своја.
9Избави ме, Господи, од моите непријатели, зашто при Тебе прибегнав.
10Научи ме да ја исполнувам волјата Твоја, зашто Ти си мојот Бог. Твојот благ дух нека ме води по прав пат.
11Заради Твоето име, Господи, ќе ме оживиш; поради Твојата правда – ќе ја избавиш од неволја душата моја.
12Според милоста Твоја истреби ги непријателите мои и погуби ги сите, кои ја измачуваат душата моја, зашто јас сум слуга Твој.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
