3 Царства 6 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Изградба на храмот.

1Во четиристотини и осумдесеттата година по излгувањето на Израилевите синови од Египетската земја, во четвртата година на Соломоновото царување над Израилот, во месец Зиф, кој е втор месец, Соломон почна да Му гради храм на Господа.

2А храмот, што цар Соломон Му го изгради на Господа, беше долг шеесет лакти, широк – дваесет и висок – триесет лакти;

3тремот пред храмот беше долг дваесет лакти, според ширината на храмот, и широк – десет лакти пред храмот

4Во храмот тој направи прозорци, затворени со решетки.

5И направи доградба околу ѕидовите на храмот, околу храмот и Свјатаја Свјатих; а направи и странични соби наоколу.

6Долниот кат на зградата беше широк пет лакти, средниот широк – шест лакти, а третиот – широк седум лакти; зашто околу храмот надвор беа направени растојанија за доградба да не допираат до ѕидовите на храмот.

7Кога се градеше храмот, за градење се употребуваа делкани камења, така што за време на градењето на храмот не се слушаше, ни чекан, ни тесла, ниту некакво друго железно орудие.

8Вратата на средниот кат беше десно од храмот. По тркалезни скали се искачуваа на вториот кат а од вториот – на третиот.

9Така го изгради тој храмот, го изгради и го обложи со кедрови штици.

10и догради до целиот храм странични соби, високи пет лакти; тие беа прикрепени кон храмот со кедрови греди.

11И би слово Господово кон Соломона, и му беше речено:

12»Ете, ти градиш храм: ако одиш по Моите закони, ако постапуваш по Моите наредби и ако ги пазиш сите Мои заповеди, управувајќи се според нив, Јас ќе го исполнам врз тебе словото Свое, што му го бев кажал на татка ти Давида;

13И ќе живеам среде Израилевите синови и нема да го оставам Мојот народ Израилот.«

14И така, Соломон го изгради храмот и го заврши.

15Ги обложи ѕидовите на храмот однатре со кедрови штици; од подот до потонот ти обложи однатре со дрво, а подот на храмот го покри со кипарисови штици.

16а во задната страна на храмот на дваесет лакти од крајот, издигна ѕид и ги обложи ѕидовите и подот со кедрови штици, и направи простор за Свјатаја-Свајтих.

17А храмот, само предниот дел на храмот, имаше четириесет лакти.

18По кедарот однатре имаше резби, слични на краставички и распукнати цветови; сѐ беше покриено со кедар, камен не се гледаше.

19А внатре во храмот тој подготви оддел за да го постави таму ковчегот нз заветот Господов.

20Одделот беше долг дваесет лакти, широк дваесет лакти, и висок дваесет лакти; тој го опкова со чисто злато; исто така го опкова и кедровиот жртвеник.

21Одвнатре, Соломон го опкова храмот со чисто злато, и протегна златни вериги пред Свајтаја Свјатих, и ја опкова со злато.

22Целиот храм тој го обложи со злато, целиот храм докрај, и целиот жртвеник, што е пред Свјатаја-Свјатих, го опкова со злато.

23А во Свјатаја-Свјатих направи два херувима од маслиново дрво, високи по десет лакти

24Едното крило на херувимот беше долго пет лакти и другото крило на херувимот – пет лакти; десет лакти имаше од едниот крај на крилјата негови до другиот крај на крилјата негови.

25Десет лакти имаше и другиот херувим; еднаква мерка и еднаков облик имаа двата херувима.

26Височината на едиот херувим беше десет лакти, исто така и на другиот херувим.

27Тој ги постави херувимите среде внатрешниот дел на храмот. А крилјата на херувимите беа раширени, и крилото на едниот се допираше до едниот ѕид, а крилото на другиот херувим допираше до другиот ѕид; другите нивни крилја пак се среќаваа крило со крило среде храмот.

28Тој ги обложи херувимите со злато.

29И по сите ѕидови на храмот наоколу издлаби ликови на херувими, палми и расцутени цветови, однатре и однадвор.

30И подот на храмот го опкова со злато во внатрешниот и предниот дел.

31За влез во Свјатаја Свјатих тој направи врата од маслиново дрво со петоаглони спојки.

32На двете половини на вратата од маслиновото дрво тој издлаби херувими, палми и расцутени цвеќиња и ги обложи со злато; го покри со злато и херувимите и палмите.

33И при влезот на храмот тој направи четириаголни столбови од маслиново дрво

34и две врати од кипарисово дрво; двете половинки на едната врата беа подвижни, и двете половинки на другата врата исто така беа подвижни.

35Издлаби по нив херувими, палми и расцутени цвеќиња и ја обложи резбата со злато.

36И внатрешниот трем го направи од три реда делкани камења и од еден ред кедрови греди.

37На четвртата година, во месецот Зиф, вториот месец, тој ги беше положил основите на храмот Господов,

38а на единаесеттата година, во месецот Вул, тоа е осмиот месец, – тој го заврши храмот со сите негови принадлежности и според сите негови преднацрти. Соломон го градеше храмот седум години.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help