Псалми 18 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Божјата слава е во создавањето и законот Негов.

1Небесата ја објавуваат славата на Бога, а за делата на рацете Негови известува сводот небески.

2Ден на денот објавува, и ноќ на ноќта знаење открива.

3Нема јазик, ниту, пак, говор, во кој не се слуша нивниот глас.

4Нивниот звук се разнесува по целата земја, а нивните зборови до краиштата на вселената. На сонце го поставил Своето живеалиште;

5и излегува како младоженец од брачното легло, се радува како исполин, минувајќи по патот свој:

6од крајот на небесата е излезот негов, и патувањето негово до другиот крај; ништо не е сокриено од топлината негова.

7Непорочен е законот на Бога – душите ги укрепува; верно е откровението на Господа – ги учи припростите,

8и Господовите повелби се праведни – го веселат срцето; Господовата заповед зрачи светлина; ги просветлува очите.

9Стравот Господов е чист – пребива довека; судовите Господови се вистина – сите се праведни;

10поскапи се од злато и од скапоцени камења – послатки се од восочен мед.

11Слугата Твој ги пази; а кој ги пази голема награда добива.

12Кој може да ги согледа своите грешки? И од оние тајни очисти ме,

13и од туѓите запази го слугата Твој, за да не овладеат со мене. Тогаш јас ќе бидам непорочен и ќе бидам очистен од големите престапи.

14Зборовите на устата моја и помислите на срцето мое нека бидат благоугодни пред Тебе, Господи, помошнику мој и избавителе мој!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help