Судии 7 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Гедеон ги победува Мадијамците.

1И порани Јеровоам, односно Гедеон, утрината и сиот народ, што беше со него, и се сместија при изворот Арад; мадијамскиот, пак, логор беше на север од него, кај ридот Море, во долината.

2И Господ му рече на Гедеона: »Со тебе има многу народ, не можам да ги предадам Мадијамците во негови раце, за да не се возгордее Израилот пред Мене и да каже: ‚мојата рака ме спаси‘.

3Затоа разгласи да чуе народот, и кажи: ‚Кој се бои и е плашлив, нека се врати и веднаш нека оди на гората Галад‘«. И се вратија од народот дваесет и две илјади души, а десет илјади останаа.

4И му рече Господ на Гедеона: »Народ сѐ уште има многу; одведи ги кај водата, таму ќе ти ги одберам; за кого ќе речам: ‚да оди со тебе‘, нека оди со тебе; а за кого ќе ти кажам: ‚не треба да оди со тебе‘, нека не оди.«

5Тој го одведе народот кај водата. И му рече Господ на Гедеона: »Кој лока вода со јазикот свој, како што лока куче, него стави го настрана, исто така и сите оние, што клекнуваат за да пијат вода.«

6И бројот на оние, што локаа со уста од рака, беше триста души; а сиот друг народ коленичеше, за да пие вода.

7И му рече Господ на Гедеона: »Со тие триста, што локаа, ќе ве спасам и ќе ви ги предадам Мадијамците во рацете ваши, а сите други нека си одат секој во своето место«.

8И тие ја зедоа храната од народот за себе и трубите нивни, и Гедеон ги распушти сите Израилци по шаторите, а задржа кај себе триста души. Мадијамскиот логор, пак, беше подолу од него – во долината.

9Во онаа ноќ Господ му рече: »Стани, слези во логорот, зашто ти го предадов во твои раце.

10Ако, пак, се плашиш да слезеш сам, оди во логорот со Фара, слугата свој;

11и ќе чуеш што зборуваат, и тогаш ќе се зацврстат рацете твои, и ќе слезеш во логорот«. И слезе тој и Фара, слугата негов, до војниците, што беа во логорот.

12А Мадијамците и Амаликовците и сите жители од исток се беа сместиле по долината во големо множество, како скакулци; камилите нивни беа безброј, беа многу – како песокот на морскиот брег.

13Гедеон дојде. И ете, еден му го раскажува сонот на друг и вели: »Сонив дека еден тркалезен јачменов леб се тркала по мадијамскиот логор и откако се отркала до шаторот, удри во него така, што тој падна, го собори, и шаторот се растури.«

14Другиот му одговори: »Тоа не е ништо друго, туку мечот на Гедеона, Јоасовиот син, Израилецот; Бог ги предал во рацете негови Мадијамците и целиот логор.«

15Откако го чу прикажувањето за сонот и толкувањето негово, Гедеон Му се поклони на Господа, се врати во Израилскиот логор и рече: »Станувајте! Господ го предаде во рацете ваши мадијамскиот логор.«

16И ги распореди тристоте души на три чети и на сите им даде по една труба и празни стомни и во стомните свеќи.

17И им рече: »Гледајте ме мене и правете го истото; ете, ќе се доближам до логорот, и што ќе правам јас, тоа правете го и вие.

18Кога јас и тие, што се со мене ќе затрубиме со труба, трубете и вие со вашите труби околу целиот логор и викајте: ‚Меч Господов и Гедеонов!‘«

19И дојде Гедеон и сто души со него до крајот на логорот, во почетокот на средната стража, ги разбудија стражарите, затрубија со трубите и ги скршија стомните, што беа во рацете нивни.

20И затрубија сите три чети со труби, и ги скршија стомните, и ги држеа во левата рака свеќите, а во десната рака трубите, трубеа и викаа: »Меч Господов и Гедеонов!«

21И секој стоеше на местото свое околу логорот; тогаш во целиот логор се растрчаа, развикаа и почнаа да бегаат.

22Дедека тие триста души трубеа со труби, Господ го сврте мечот на секого притив другарот негов по целиот стан, и војската бегаше до Бетшита кај Царер, до пределите на Авелмехол, близу до Табата.

23Тогаш Израилците од племето Нефталимово, Асирово и од целото племе Манасиево беа повикани и се впуштија по Мадијамците.

24А Гедеон испрати пратеници по целата гора Ефремова да кажат: »Излезете им во пресрет на Мадијамците и заземете им ги бродовите во водите на Ветир и Јордан.« И беа повикани сите Ефремовци, и ги зазедоа бродовите во водите на Ветир и Јордан;

25И ги фатија двајцата мадијамски кнезови: Орива и Зива; Орива го убија во Сур, а Зива – во Јакевзив, и ги гонеа Мадијамците; главите, пак, на Орива и Зива му ги однесоа на Гедеон од онаа страна на Јордан.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help