Ппророк Језекиил 8 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Пророкот однесен во Ерусалим.

1Во шестата година, во шестиот месец, на петтиот ден од месецот, седев дома, и старешините јудејски седеа пред Мене, и се спушти таму врз мене раката од Господа Бога.

2И погледав; а тоа подобие на маж слично на оган, и од крстот надолу оган, а од крстот негов угоре – некаква светлина слична на светлина од пламен.

3И како да ја протегна раката своја и ме фати за косата на главата моја, и духот ме подигна меѓу земјата и небото и ме занесе во Божји виденија во Ерусалим, при влезот на внатрешната врата, свртена кон север каде што беше поставен идолот на ревноста, кој побудува ревност.

4И, ете, таму беше славата на Бога Израилев, слична на онаа каква што видов во полето.

5И ми рече: »Сине човечки, подигни ги очите свои спрема север!« Ги подигнав очите свои спрема север, а од северната страна при вратата на жртвеникот, пред влезот нејзин беше идолот на ревноста.

6И ми рече Он: »Сине човечки, гледаш ли што прават; ги гледаш ли големите гадотии, што се вршат тука во домот Израилев, за да се оддалечат од Моето светилиште. Но сврти се, и ќе видиш уште поголеми одвратности.«

7И ме доведе при влезот во дворот, па погледав, а таму дупка во ѕидот.

8И ми рече: »Сине човечки, копни во ѕидот.« Јас копнав во ѕидот и ете таму видов некаква врата.

9И пак ми рече: »Влези и види одвратни гадотии што се вршат таму.«

10Влегов и гледам, а тоа секакви изобразени животни што се влечат, и нечисти животни, и секакви идоли, во домот Израилев, насликани по ѕидовите наоколу.

11И седумдесетмина мажи од старешините на домот Израилев стојат пред нив, а Језаниј, синот Сафониев, помеѓу нив; и кај секого од нив во раката – кадилница, и густ облак од кадиво се издигаше угоре.

12И ми рече: »Гледаш ли, сине човечки, што прават во темнина старешините на домот Израилев, секој во својата изнашарена соба, оти велат: ‚Не нѐ гледа Господ, Господ ја остави оваа земја.‘«

13И пак ми рече: »Сврти се и ќе видиш уште поголеми гадотии, што ги прават тие.«

14И ме доведе до влезот на вратата од домот Господен, која е кон север, и ете, таму седат жени, што го оплакуваа Тамуза,

15и ми рече: »Гледаш ли, сине човечки, сврти се и ќе видиш уште поголеми гадотии.«

16Па ме воведе во внатрешниот двор на домот Господен, а таму пред вратата на храмот Господен, меѓу тремот и жртвеникот, до дваесет и пет мажи стојат со грбот кон храмот Господен, а со лицето кон исток и се клањаат на сонцето спрема исток.

17И ми рече: »Гледаш ли, сине човечки. Малку ли е тоа за домот Јудин, да вршат такви гадотии, какви што се вршат овде? Но тие и земјата ја наполнија со бесчестие, и двојно Ме разгневуваат, и, ете, тие принесуваат гранки под носевите свои.

18Затоа и Јас ќе почнам да дејствувам со јароста; окото Мое нема да зажали и нема да се смилува; па макар тие да викаат со силен глас на ушите Мои – нема да ги чујам.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help