Јеремија 39 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Ерусалим е освоен.

1Во деветтата година на Седекија, царот јудејски, во десеттиот месец, дојде Навуходоносор, царот вавилонски со сета војска своја до Ерусалим и го опседна.

2А во единаесеттата година на Седекија, во четвртиот месец, во деветтиот ден од месецот градот беше преземен.

3И влегоа во него кнезовите на вавилонскиот цар – Нергал – Саресер, Самгар – Нево, Сарсехим, началник на дворјаните, Нергал – Саресер, началник на гледачите, и сите други кнезови на вавилонскиот цар и се сместија до средните порти.

4Кога Седекија, царот јудејски, и сите воени началници, ги видоа, побегнаа, и во текот на ноќта излегоа од градот преку царската градина, низ портите меѓу двата ѕида и тргнаа по патот кон рамнината.

5Но халдејскста војска се спушти по нив; го достигнаа Седекија во Јерихонската рамнина; го фатија и го одведоа при вавилонскиот цар Навуходоносор во Ривла, во земјата Емат, и го судеше, пред очите негови, и сите јудејски великодостојници вавилонскиот цар ги закла; а на Седекија му ги извади очите и го стави во окови, за да го одведат во Вавилон.

6И вавилонскиот цар во Ривла ги закла синовите на Седекија пред неговите очи; вавилонскиот цар ги закла и сите велможи јудејски;

7а на Седекија му ги извади очите и го опкова во окови, за да го одведе во Вавилон.

8Домот на царот и домовите на народот Халдејците ги изгореа со оган и ѕидовите ерусалимски ги срушија.

9А остатокот од народот, што остана во градот, како и одметниците, кои му се придружија, и другиот народ Навузардан, началникот на телохранителите, ги пресели во Вавилон.

10Бедните од народот, пак, кои немаа ништо, Навузардан, началникот на телохранителите, ги остави во јудејската земја и им даде уште тогаш лозја и ниви.

11А за Јеремија Навуходоносор, царот вавилонски, му даде таква заповед на Навузардана, начланикот на телохранителите –

12»Земи го, грижи се за него, и не прави му ништо лошо, туку постапувај со него онака, како што ќе ти каже тој.«

13И прати Навузардан началникот на телохранителите, и Навузазван, началник на дворјаните, и Нергал – Саресер началник на гледачите, и сите кнезови на вавилонскиот цар,

14испратија и го зедоа Јеремија од стражарницата и му го доверија на Годолија, синот на Ахикама, синот Сафанов; го изведоа и тој остана да живее меѓу народот.

15Кога Јеремија уште беше затворен во дворскиот затвор, би слово Господово до него:

16оди, речи му на Авдемелех Етиопјанинот – вака вели Господ Саваот, Бог Израилев: еве, Јас ќе ги исполнам зборовите за овој град на зло, но не на добро, и тие ќе се извршат во оној ден пред очите твои;

17но тебе ќе те избавам во оној ден, вели Господ, и нема да бидеш предаден во рацете на луѓето, од кои се плашиш.

18Јас ќе те избавам и ти нема да паднеш од меч, и душата твоја ќе остане место грабеж, бидејќи на Мене се надеваше, вели Господ.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help