1 Ездра 10 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Израилците ги отпуштаат жените туѓинки.

1Додека Ездра така се молеше И исповедаше, плачејќи и лежејќи пред Божјиот дом, се собра кај него многуброен народ од Израилот, мажи, жени и деца, зашто и народот плачеше многу.

2Тогаш се јави Сехенија, синот Јеилев од синовите Еламови, и му рече на Ездра: »Згрешивме пред нашиот Бог, зашто земавме жени од народите на таа земја, но уште има надеж за Израилот во таа работа;

3да се заветува сега пред нашиот Бог, дека ќе ги отпуштиме сите другоплемени жени и родените од нив деца, – и нека биде по законот на нашиот Бог, и според законот нека биде.

4Стани, зашто ова е твоја работа, и ние сме со тебе: биди храбар и работи!«

5Тогаш стана Ездра и им порача на старешините над свештениците, левитите и над сиот Израил да положат клетва, дека ќе направат така. И тие се заколнаа.

6Стана Ездра и тргна од Божјиот дом кон зградата на ризницата при Јоханана, Јелисувавиот син, и стигна таму. Леб не јадеше и вода не пиеше, зашто плачеше поради претстапите на преселниците.

7И им соопштија по Јудеа и во Ерусалим на сите, што беа во пленство, да се соберат во Ерусалим,

8а на оној што не ќе дојде за три дни, ќе му се одземе имотот, по решение на кнезовите и старешините, целиот имот негов, а самиот тој ќе биде отсранет од општеството на преселниците.

9И во тие три дни се собраа во Ерусалим сите жители на Јудеа и на земјата Венјаминова. Тоа беше во деветтиот месец на дваесеттиот ден од месецот. Седеше сиот народ на плоштадот пред Божјиот дом и трепереше, како поради таа работа, така и од дождот.

10Тогаш свештеникот Ездра стана и им рече: »Вие направивте престап, земајќи жени од други племиња и со тоа ја зголемивте вината на Израилот;

11затоа, покај те се пред Господа Бога на вашите татковци, и исполнете ја волјата Негова, одвојте се од народите на таа земја им од жените од други племиња.«

12Целото собрание одговори и рече со силен глас: »како што рече, така и ќе направиме.

13Но народот е многуброен, и времето е сега дождовно, та неможе да се стои на улица. Па и таа работа не е ни за ден, ниту за два, зашто ние згрешивме многу во таа работа.

14Нека се изберат заменици на кнезовите за целото општество, и сите во нашите градови, што зеле жени од други племиња, да доаѓаат тука во определено време заедно со старешините и судиите на секој град, додека не се одврати од нас пламнатиот гнев на нашиот Бог поради таа работа.«

15Тогаш се зафатија со таа работа Јонатан, син Асаилов, И Јасија, син Текуев, а Месолам И Саватај, левит, беа нивни помошници.

16Така направија дојдените од пленство. За тоа беа одредени: свештеникот Ездра, началниците од секое нивно поколение, и старешините на нивните домови сите по име. Тие се собраа на заседание во првиот ден на десеттиот месец, за да ја испитаат таа работа;

17и го извршија испитувањето за сите, што беа зеле жени од други племиња, кон првиот ден од првиот месец.

18И се најдоа од свештеничките синови, што беа зеле жени од други племиња, – од синовите на Исуса, синот Јоседеков и бараќата негови: Маасија, Елиезер, Јарим и Гадалија;

19тие ја дадоа раката своја за уверување, дека ќе ги напуштат жените свои и дека, како виновни, ќе принесат жртва по еден овен за вината своја;

20Од Имеровите синови: Ананиј и Завдија;

21Од Харимовите синови: Маасија, Елија, Самија, Јеил и Озија;

22Од Пасхоровите синови: Елиоинај, Масија, Исмаил, Натанаил, Јозавад и Еласа;

23Од левитите: Јозавад, Симеј и Ќелаја, тој е и Ќелит, Патахија, Јуда и Елиезер;

24Од певците: Елисав; Од вратарите, Салум, Телем и Уриј;

25А од Израилиците, – Фаресовите синови: Рамија, Азија, Мелхија, Мелмин, Елеазар, Асавија и Венеја;

26Од синовите Иламови: Матанија, Захарија, Јаил, Авдиј, Јеримот и Елија;

27Од синовите Затуеви: Елионај, Елисув, Матанај, Армот, Завад и Озиз;

28Од синовите Вавениеви: Јоанан, Ананија, Завуј и Атлај;

29Од синовите Вануеви: Месолам, Малух, Адаја, Јасуф, Саал и Римот;

30Од синовите на Фат-Моава: Еднеа, Халил, Ванаја, Маасија, Матанија, Веселеил, Вануј и Манасија;

31Од синовите Иримови: Елиезер, Јесија, Мелхија, Самаја, Симеон.

32Венјамин, Валух, Самарија;

33Од синовите Асимови: Метанија, Матата, Завад, Елифелет, Јеремај, Манасија и Семеј;

34Од синовите Ваниеви: Мадија, Амрам и Уил.

35Ванаија, Вадаја, Хелија,

36Ванија, Маримот, Елијасиф,

37Матанија, Матанај, Јаасај,

38Синови Ваниеви, и синови Семееви,

39Салемија, Натан, Адаија,

40Махнада, Авусесеј, Аруесрил,

41Азариел, Селемиј, Семарија,

42Салум, Амарија и Јосиф

43Од синовите Невови: Јеил, Мататија, Завад, Зевенај, Јадај, Јоил и Ванеја.

44Сите тие си беа зеле жени од други племиња, а некои од тие жени им беа родиле и деца.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help