Второзаконие 14 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Против обичаите на незнабошците.

1Вие сте синови на Господа, вашиот Бог; не правете зарези на телото свое и не ја стрижете косата над очите свои за умрено;

2зашто вие сте свет народ на Господа, вашиот Бог, и Господ вас ве избра од сите народи, што се на земјата, за да бидете Негов народ.

3Не јади ништо нечисто.

4Свој добиток можете да јадете: телци од говедата, и јаганци од овците, и козли од козите;

5елен, срна, бивол, кошута, зебра и дива коза.

6Секое животно што има разделени копита и на двете копита длабок зарез, и добиток што прежива, јадете го.

7Од оние, што преживаат и имаат разделени копита со длабок зарез, не јадете само: камила, питом зајак и див зајак, зашто тие, иако преживаат, нивните копита не се разделени: тие се нечисти за вас;

8и свињата, оти, иако копитата и се разделени, но таа не прежива: таа е нечиста за вас; месото нивно не јадете го и до труповите нивни не се допирајте.

9Од сите водни животни јадете ги сите оние, што имаа перки и лушпи;

10а другите што немаа перки и лушпи, не јадете ги: тие се нечисти за вас.

11Секоја чиста птица јадете ја;

12но од нив не треба да ги јадете овие: орелот, штркот, галебот,

13неситот, соколот, и сличните на нив;

14гавранот, врабецот, препелицата;

15чапјата, јастребот и сличните на нив;

16бувот, лилјакот и сличните на нив;

17гемот, лебедот, ивинот, катарактата и вдодот;

18штркот, гушавецот со породот негов, папуњакот и (лилјакот).

19Сите крилести лазачи се нечисти за вас, да не ги јадете.

20Секоја чиста птица јадете ја.

21Не јадете ништо умрено; дај му го на придојдениот, што е во твоите градови; нека го јаде тој, или продај му го на туѓинецот, зашто ти си народ свет за Господа, твојот Бог. Не вари јагне во млекото на мајката негова.

22Одделувај десеток од секој плод на семињата свои, род од нивите твои секоја година,

23И јади пред Господа, твојот Бог, во место, што Он ќе го одбере, за да се призива вечно името Негово таму; принесувај десеток од пченицата твоја, од виното твое и од елејот твој, и првородените од воловите твои и од овците твои, и да се научиш да се боиш од Господа, твојот Бог, во сите денови.

24Ако, пак, патот твој е долг, така што не ќе можеш да го принесеш тоа, бидејќи далеку е од тебе местото, што ќе го одбере Господ, твојот Бог, за да се призива таму името Негово, за да те благослови Господ, твојот Бог,

25тогаш продај го тоа според цената и земи го среброто во рака и оди на местото, што ќе го одбере Господ, твојот Бог;

26и со тоа сребро изнакупи сѐ, што душата ќе ти посака – волови, овци, вино, или сикар и сѐ друго што душата ќе ти посака; и јади таму пред Господа, твојот Бог, и развесели се ти и домот твој.

27И левитот, кој е во твојот град, не го изоставај, бидејќи тој нема ни дел ни наследство со тебе.

28На крајот на секои три години изнеси ги сите десетоци од житото твое во текот на последната година и стави го тоа во градовите свои,

29па нека дојде ливитот, бидејќи тој нема дел и наследство со тебе, и придојдениот и сиромавиот и вдовицата, што се во твоите градови, и нека јадат и нека се наситат за да те благослови Господ, твојот Бог, во секоја работа, што ќе ја вршат рацете твои.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help