Псалми 16 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Праведникова молитва.

1Услиши ја, Господи, правдата моја, чуј го гласот на молбата моја, прими ја молитвата моја што не излегува од лажлива уста.

2Од Твоето лице нека излезе судот за мене; очите мои нека ја видат вистината.

3Ти го искуша срцето мое, ме посети ноќе; со оган ме провери и не најде неправда во мене.

4Човечки дела нека не зборува устата моја; поради зборовите на устата Твоја чекорев по патиштата тешки.

5Утврди ги стапките мои на патиштата Твои, за да не ослабнат нозете мои.

6Кон Тебе викам, зашто Ти ќе ме чуеш, Боже; приклони го увото Свое кон мене, и чуј ги зборовите мои.

7Покажи ја чудесната милост Твоја, Ти, кој ги избавуваш оние што се надеваат на Тебе – од оние што се противат на Твојата десница.

8Пази ме како зеница на окото; засолни ме под сенката на Твоите крила,

9од лицето на нечестивите, кои ме напаѓаат – од непријателите на душата моја, што ме опкружуваат:

10тие срцето свое го затворија, наоколу со устата своја – гордо зборуваат.

11Гонејќи ме, сега ме опколуваат; тие ги управија очите свои, за да ме соборат на земја;

12тие се како лав, подготвен за лов и како лавче, кое стои во потајни места.

13Стани, Господи, пресретни ги и обори ги; спаси ја душата моја со Својот меч од нечестивиот;

14од оние, Господи, кои ги има малку на земјата – раздели ги во нивниот живот, и од она што е сокриено Твое ќе се наполни стомакот нивни; откако се наситија синовите нивни, од вишокот оставија и за децата свои.

15А јас пред лицето Твое ќе се покажам во правда, ќе се наситам кога ќе ми се покаже славата Твоја.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help