Даниил 12 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Пророкувањето е запечатено.

1И во тоа време ќе се крене Михаил, големиот кнез, кој ќе ги брани синовите на твојот народ, и ќе настане време тешко, какво што немало откако постојат луѓето, па сѐ до денес; но ќе се спасат во тоа време од твојот народ сите, кои ќе се најдат дека се запишани во книгата.

2И многумина од оние што спијат во земниот прав ќе се разбудат – едни за живот вечен, а други за укор и срам.

3И разумните ќе сјајат како светила на небото, и оние што мнозина повратиле кон правда – како ѕвездите, во веки, засекогаш.

4»А ти, Данииле, сокри ги овие зборови и запечати ја оваа книга до последното време; мнозина ќе ја прочитаат и знаењето ќе се умножи.«

5Тогаш јас, Даниил, погледав и ете пред мене стојат двајца други, еден од едната страна на реката, а друг од другата страна на реката.

6Едниот му рече на човекот со ленена облака кој стоеше над реката: »Кога ќе биде крајот на овие чудни работи?«

7И чув, кога човекот со ленената облека, што се наоѓаше над реката, откако ја крена десната и левата рака кон небото, се заколна во вечно Живиот, дека сето тоа ќе се изврши кон крајот на времето и времињата и полувремето и по завршувањето снемување сила на светиот народ.

8Јас го чув тоа но не го разбрав, па затоа прашав: »Господаре мој, што ќе биде потоа?«

9Тој одговори: »Оди си Данииле, оти тие зборови се сокриени и запечатени до последното време.

10Многумина ќе се очистат, ќе се избелат и ќе бидат искушани; нечестивете ќе почнат пак нечесно, и никој од нив нема тоа да го разбере, само мудрите ќе разберат.

11Од времето, кога ќе се прекрати секојдневната жртва и ќе се постави мерзоста на запустувањето, ќе минат илјади и двесте и деведесет денови.

12Блажен е оној што чека и ќе дочека илјада и триста и триесет и пет дена.

13А ти оди си во својот крај, па ќе се успокоиш, и ќе останеш да го добиеш својот дел со жреб до крајот на своите дни.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help