1Молам, пред сѐ, да се прават просби, молитви, молби и благодаренија за сите луѓе:
2за царевите и за сите што се на власт, та да поживееме тих и мирен живот во потполна побожност и чистота;
3оти тоа е добро и угодно пред нашиот Спасител Бога,
4Кој сака сите луѓе да се спасат и да ја познаат вистината.
5Зашто еден е Бог, и еден е Посредникот помеѓу Бога и луѓето – Човекот Христос Исус,
6Кој се даде Себеси како откуп за сите – а тоа се посведочи во свое време;
7па затоа сум поставен како проповедник и апостол – зборувам вистина во Христа, не лажам – како учител на иноверците во верата и вистината.
8И така, мажите сакам да се молат на секое место, кревајќи ги чистите раце без гнев и сомневање.
9Исто така и жените, облечени пристојно, со срамежливост и чесност да се украсуваат, не со плетенки, ни со злато, или со бисери, или со скапоцени облеки,
10туку со добри дела, како што им прилега на жени, што ѝ се посветуваат на побожноста.
11Жената да се учи во мир и потполно покорство.
12На жена не ѝ позволувам да поучува, ниту да господари над мажот, туку да биде мирна.
13Бидејќи порано беше создаден Адам, а потоа Ева;
14и Адам не беше измамен, туку жената беше измамена и направи престап:
15но ќе се спаси преку раѓање деца, ако остане во верата, љубовта и во светоста со чесност.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
