1Во дванаесеттата година од царувањето на Навуходоносор, царот на Асирците, во големиот град Ниневија, во деновите на Арфаксада кој царуваше над Мидијците во Екбатана.
2И изгради околу Екбатана ѕидови од делкани камења, седумнаесет лакти во висина и петнаесет лакти во широчина.
3Над вратите изгради кули високи сто лакти, кои во основата беа до сто лакти широки;
4а портата ја беше направил седумдесет лакти висока и четириесет лакти широка, за да може низ неа да излезе голема војска со широки редови пешадија.
5Во тоа време царот Навуходоносор почна војна против царот Арфаксад во големата рамнина, која се наоѓаше во пределите на Рагав.
6При него се собраа сите што живееја во планинските страни, сите што живееја до бреговите на реките Еуфрат, Тигар и Идаспис, како и жителите од рамнината Ариох со Елимеонскиот цар; се собраа многу народи во одбраната на Хелеудовите синови.
7Навуходоносор, царот на Асирците, им испрати порака на сите жители во Персија, на сите оние што живееја на запад, до оние во Киликија и Дамаск, Ливан и Антиливан, до сите што живееја до морскиот брег,
8и меѓу народите на Кармил и Гилад, во горна Галилеја и во широката рамнина Ездрилон,
9до сите кои живееја во Самарија и во нејзините градови, од другата страна на реката Јордан – до Ерусалим, до Ветан и Хел, до Кадис и Египетската река, до Тафна и Рамсес и по целата Гесемска земја,
10до входот на Горни Танис и Мемфис, до сите жители на Египет и сѐ до границите на Етиопија.
11Но жителите на сите тие земји се подбија со пораката на асирскиот цар Навуходоносор и не дојдоа кај него, за да војуваат за него, зашто не се плашеа од него; тој за нив беше обичен човек; тие ги вратија неговите пратеници, не укажувајќи им почести.
12Затоа Навуходоносор многу се разгневи на сите тие земји и се заколна во својот престол и во царството дека ќе им се одмазди на сите области во Киликија, Дамаск и Сирија, дека ќе ги погуби сите жители во земјата на Моав, сите жители на Амон, цела Јудеја и сите кои живеат во Египет сѐ до двете мориња.
13Во седумнаесеттата година тој стана со својата војска против царот Арфаксада, го победи во борбата, му ја распрсна сета војска негова, коњицата и сите коли;
14ги презеде неговите градови, допре сѐ до Екбатана, ги зазеде неговите тврдини, ги опустоши улиците на градот и неговата убавина ја направи за подбив.
15Арфаксада го фати во Рагавските гори, го прониза со копје, уште истиот ден го погуби.
16Потоа се врати во Ниневија со сета своја војска, со големо множество борци на неговите сојузници. Таму во мир И спокојство тој и сета негова војска почиваа и мируваа сто и дваесет дена.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.