1Послушајте Ме вие, што копнеете за правда, вие кои Го барате Господа! Погледајте ја карпата, од која сте исечени, и по длабочината на трапот, од кој сте извлечени.
2Погледајте го Авраама, вашиот татко, и на Сара, која ве родила; зашто Јас го повикав него единствениот, го благословив и го умножив.
3Така, Господ ќе го утеши Сион, ќе ги утеши сите негови урнатини и ќе ги направи пуситњите негови како рај и степите негови – како градина Господова; радост и веселба ќе има во него, славословие и пеење на песни.
4Послушајте Ме, народе Мој и племе Мое, приклонете го увото кон Мене! Зашто од Мене ќе излезе закон и Мојот суд ќе го поставам за светлина на народите.
5Мојата правда брзо ќе стигне; Моето спасение изгрева и Мојата мишка ќе ги суди народите; островите ќе се надеваат на Мене и ќе се надеваат на мишката Моја.
6Кренете ги очите кон небото и погледајте на земјата долу: зашто небото ќе изчезне како дим, и земјата ќе изветви како облека, а жителите нејзини исто така ќе изумрат; а Јас ќе спасувам вечно, правдата Моја нема да престане.
7Послушајте Ме, вие, кои ја познавате правдата, народе, Кој во срцето свое го имаш Мојот закон! Не плашете се од прекорување на луѓето, ниту стравувајте од злословието нивно.
8Зашто молец ќе ги изеде како облека и црв ќе ги изеде како волна; а Мојата правда ќе преуспее засекогаш, и Моето спасение – од род во род.
9Крени се, крени, облечи се во сила, мишко Господова! Дигни се, како во древни дни, во дамнешните родови! Зар не го уништи ти Рава, зар не го порази змејот?
10Не го исуши ли морето, водите и големата бездна, не ги претвори ли морските длабочини во пат, за да поминат искупените?
11Ќе се вратат избавените од Господа, и ќе дојдат на Сион со пеење, и вечна радост ќе има над главата нивна; тие ќе најдат радост и веселба; скрбта и воздишките ќе изчезнат.
12Јас, Јас Самиот сум ваш Утешител. Кој си ти, та се плашиш од човек, кој умира, и од човечки син, кој е исто она што е и тревата?
13Го забораваш Господа, својот Творец, кој го прострел небото и ја основал земајта; и непрестајно, секој ден се плашиш од јароста на угнетувачот, како да е готов тој да истреби? Но каде е сега јароста на угнетувачот?
14Скоро ќе биде ослободен заробениот, и нема да умре во јамата, ниту ќе има потреба од леб.
15Јас сум Господ твој, Кој го бранува морето, та брановите негови викаат: Господ Саваот е името Негово.
16И Јас ќе ги вложам Моите слова во устата твоја, и со сенката на раката Своја ќе те покријам, за да го устројам небото и да ја утврдам земјата и да му кажам на Сион: »Ти си Мој народ.«
17Разбуди се, разбуди се, стани, Ерусалиме, ти, кој од раката на Господа ја испи чашата на јароста Негова, до дното си ја испил и исушил чашата што опива.
18Меѓу сите синови, од него родени, нема кој да го води, и меѓу сите синови, од него одгледани, нема кој за рака да го придржи.
19Тебе те снајдоа две неволји, кој ќе те пожали? – Опустошување и истребување, глад и меч: кој ќе те утеши.
20Синовите твои изнемоштеа, лежат по аглите на сите улици, како срна во стапица, исполнети со гнев Господов, со заплашување од твојот Бог.
21И така, ислушај го ова ти, кој си страдалник и пијан, но не од вино.
22Вака вели Господ твој, Господ и Бог твој, Кој одмаздува за Својот народ: »Ете, јас земам од раката твоја чаша што опива, од чашата на Мојата јарост ти веќе нема да пиеш.
23Ќе ја дадам во раката на твоите мачители, кои ти велеа: ‚Падни ничкум, за да минам по тебе‘; и ти го правеше грбот свој како земја и како улица за минувачите.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.