1 Летописи 9 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Жителите на Ерусалим и Гаваон.

1Така беа пребројани според родовите свои сите Израилци, и, ете, тие се запишани во книгите на израилските цареви. А Јудејците заради беззаконијата свои беа преселени во Вавилон.

2Првите жители, што живееја во своите владенија, по израилските градови, беа Израилци, свештеници, левити и Нетинејци.

3Во Ерусалим живееја некои од Јудините синови и од синовите Венијаминови, како и од синовите Ефремови и Манасиеви:

4Утиј, син Амиудов, син на Амври, син на Амераима, син Ваниев, – од синовите на Фареса, Јудиниот син;

5од синовите Силонови – Асаија, првороден, и синовите негови;

6од синовите на Зара – Јеил и браќата нивни, – шестотини и деведесет;

7од синовите Венијаминови – Салу, син на Васолама, син на Одуаје, син Сануев;

8Јевна, син Јероамов, Елав, син на Озија, син Махиров; Мосолам, син на Сафатија, син на Рагуила, син Јеваниев,

9и браќата нивни според родовите нивни: деветстотини и педесет и шест, – сите тие мажи беа кнезови на родовите во поколенијата свои.

10А од свештениците: Јодај, Јоарим, Јоаким,

11Азарија, син на Хелкија, син на Мосолама, син на Садока, син на Марариота, син Ахитов, кој беше началник на Божјиот дом;

12Адијам, син на Јероама, син на Фастура, син Мелхиаев; Маасиј, син Адиилов, син Езиров, син на Мосолама, син на Маселамота, син Емаров,

13и браќата нивни, кнезови на родовите свои: илјада и седумстотини и шеесет, – мажи истакнати во службата своја во Божјиот дом.

14А од левитите: Семеја Асуев син, син на Езраикама, син Савиев, – од синовите Мерариеви;

15Ваквакар, Арис, Гареа и Матанија, син на Миха, син на Зехрија, син Асафов;

16Авдија, син Семеев, син на Галила, син на Идитуна, и Варахија, син на Аса, син на Елкана кој живееше во Нетофатските села.

17А вратари: Селум, Акум, Телмон, Еман и браќата нивни; Селум беше главен.

18Тие се и до денес вратари при царската порта кон исток и ја одржуваат стражата на синовите Левиеви.

19Селум, син Кореов, син на Авијасафа, син на Кореја, и браќата негови од неговиот род, – Кореевци, по службата беа стражари при праговите на скинијата, а татковците нивни го чуваа влезот во Господовиот дом.

20Финеес, син Елеазаров, беше водач нивни, и Господ беше со него.

21Захарија, син Мосоламов, беше вратар при вратата во скинијата на сведоштвото.

22Сите тие, избрани за вратари при праговите, беа двесте и дванаесет. Тие се запишани во списокот според нивните села. Нив ги поставија Давид и Самуил јасновидецот заради верноста нивна.

23Тие и синовите нивни чуваа стража при вратата на домот Господов, при домот на скинијата.

24Вратари имаше на четирите страни: на источната, западната, северната и јужната.

25А браќата нивни живееја во своите села и доаѓаа одвреме – навреме при нив за седум дена.

26Тие четворица први вратари, левитите, беа доверени лица; тие исто така беа поставени при живеалиштата и сокровиштата на Божјиот дом.

27Тие престојуваа и ноќе околу Божјиот дом, бидејќи ним им беше наложено да го чуваат, и тие беа должни секое утро да ги отвораат вратите.

28Некои од нив беа поставени при службените садови, кои ги примаа со број и даваа со број.

29На други од нив им беа доверени другите садови и сите свештени потреби: најчисто брашно, вино, елеј, темјан и мирисите.

30А некои од свештеничките синови подготвуваа миро, од разни миризливи материи.

31А на левиотот Мататија, првороден на Кореецот Селум, му беше доверено она, што се подготвува во тавче.

32На некои од браќата нивни, од синовите Катови им беше доверено да ги приготвуваа лебовите на предложението, за да ги принесуваат секоја сабота.

33А певците, главните во левитските поколенија, во собите на храмот беа ослободени од работа, бидејќи беа должни да се занимаваат дење и ноќе со својата служба.

34Тоа се левитските кнезови, главни во родовите свои. Тие живееја во Ерусалим.

35Во Гаваон живееја: Јеил, татко на Гаваонците, – жена му се викаше Маха, –

36и првородениот син негов Авадон; по него: Сур, Кис, Вал, Нир, Надав,

37Гедор, Ајун, Зехрија и Макелот.

38Макелот го роди Сама. И тие живееја до браќата свои во Ерусалим, заедно со браќата свои.

39Нир го роди Киса, Кис го роди Саула, Саул го роди Јонатана, Мелхиса, Аминадава и Јесфала.

40Јонатанов син беше Мемфивал; Мемфивал го роди Миха.

41Синови на Миха: Филот, Мехиил, Тара и Хаз.

42Хас го роди Јада; Јад го роди Алета, Асмота и Замврија, Замвриј го роди Меса.

43Мес го роди Ванија; Рафеја беше негов син; Еласа, негов син, Асаил, негов син.

44Асаил имаше шестмина синови, и еве ги имињата нивни: Езрикам, Исмаил, Азарија, Авдија, Анан и Аса. Тоа се синовите Асаилови.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help