Второзаконие 21 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

За непознато убиство; за заробени жени и за непослушни синови.

1Ако во земјата, што Господ, твојот Бог, ти ја дава да ја наследиш, се најде убиен човек во полето, и не се знае, кој го убил,

2нека излезат твоите старешини и судии и нека го измерат растојанието од убиениот до градовите наоколу;

3и старешините на градот, кој е најблиску до убиениот, нека земат јуничка, кој не била спрегната и која не носела јарем,

4и старешините од тој град нека ја одведат таа јуничка во сув необработен и незасејуван дол, и таму во долот нека ја заколат јуницата;

5потоа нека пристапат свештениците, синовите Левиеви, бидејќи Господ, твојот Бог, нив ги избра да Му служат и да благословуваат од името Негово, и според зборовите нивни да се пресуди секоја расправија и секоја причинета штета,

6и сите старешини од тој град, најблискиот до убиениот, нека си ги измијат рацете над главата на јуницата каде што ѝ се пресечени жилите во долот,

7па да објават и да кажат: нашите раце на ја пролеаја оваа крв и нашите очи не видоа;

8милостив биди спрема луѓето Твои во Израилот, кој Ти, Господи, го изведе од Египетската земја, за да нема невина крв во Израилот. И тие ќе се очистат од крвта.

9Така треба да ја отстрануваш од себеси крвта на невиност, ако сакаш да правиш добро и угодно пред Господа, твојот Бог.

10Кога ќе излезеш во бој против непријателите свои, и Господ, твојот Бог, ќе ти ги предаде во рацете твои, и ти ќе ги заробиш нив,

11па видиш меѓу заробените жена убавица, и ја засакаш, и ќе посакаш да си ја земаш за жена,

12одведи ја во домот Твој, и нека ја истриже таа главата своја и нека ги исече ноктите свои,

13нека ја соблече ропската облека, нека живее во домот твој, и да го оплакува таткото свој и мајката своја цел месец; потоа можеш да влезеш при неа, и да ѝ станеш маж, и таа да ти биде жена.

14Ако, пак, отпосле таа не ти е по волја, отпушти ја, но не продавај ја за сребро, ниту ја имај за робинка, зашто ти си ја унижил.

15Ако некој има две жени – едната омилена, а втората несакана, па тие и двете му родат синови и ако првородениот син му е од несаканата жена,

16тогаш, при поделбата на имотот меѓу синовите, тој не може да даде првенство на синот од омилената жена, место на првородениот од несаканата,

17туку е должен да го признае за свој првенец синот од несаканата жена и нему да му даде двоен дел од сиот свој имот, бидејќи тој е почеток на неговата сила; нему му се паѓа правото на првородство.

18Ако некој има буен и непокорен син, којшто не го слуша гласот на својот татко и гласот на својата мајка, па иако го казнувале, тој пак е непослушен,

19тогаш татко му и мајка му нека го земат и одведат при старешините на градот и при вратите на своето местоживеење,

20па нека им кажат на градските старешини: »Овој наш син е буен и непокорен, не ги слуша нашите совети, расипник е и пијаница«; –

21тогаш сите мажи од градот негов нека го каменуваат до смрт; така исчистете го злото од самите себе, и другите ќе чујат и ќе се уплашат.

22Ако некој направи грев, што заслужува смрт, па биде умртвен, и ти го обесиш на дрво,

23телото негово да не преноќева на дрвото, туку погреби го истиот ден, зашто проклет е од Бога секој што виси на дрво, и не осквернувај ја земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help