1Пак му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
2»Ако некој згреши и направи престап против заповедите на Господа и го откаже на ближниот свој она, што му дал на чување, или од него украдено, или пак, го измами својот близок,
3или нашол нешто загубено и тоа го одрече, или лажно се заколне за која и да било работа, што луѓето обично го прават и со тоа грешат,
4па кога така згреши и направи престап, тој треба да го врати она што го украл, или сосила го присвоил, или повереното што му било дадено на чување, или што го нашол како загубено.
5За секоја работа, за која се заколнал криво, нека го врати она истото, и на тоа нека му додаде уште петти дел на оној чие е; тоа да му го даде во оној ден кога ќе биде обвинет за својот грев.
6А за престапот свој нека Му принесе на Господа кај свештеникот овен од стадото свое, здрав, според процена на престапот;
7а свештеникот нека Му се помоли за него на Господа, и ќе му се прости секоја работа, со која згрешил или направил престап.«
8И пак му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
9»Заповедај му на Арона и на синовите негови, и кажи им: ова е законот за жрви сепаленици – жртвата сепаленица нека гори врз жртвеникот цела ноќ до изутрина; и огнот нека гори на жртвеникот и да не се гасне.
10Свештеникот нека ја облече ленената одежда, а и ленената долна облека нека ја облече на телото свое, па потоа нека ја собере пепелта од жртвата што огнот ја изгорел и нака ја стави покрај жртвеникот.
11А откако ќе ги соблече одеждите свои и облече други, нека ја изнесе пепелта надвор од логорот на чисто место.
12А огнот што е на жртвеникот, нека гори на него, да не се гасне. Свештеникот нека клава врз огнот дрва секое утро, и нека ја поставува на него жртвата сепаленица, нека го гори на него лојот од жртвата за спасение.
13Огнот да гори постојано на жртвеникот, нека не се гасне.
14Тоа е законот за жртвите: што ќе ги принесуваат синовите Аронови пред Господа при жртвеникот.
15Свештеникот нека земе грст од жртвата и од пченичното брашно и од елејот и целото кадиво, што е врз жртвата, и нека го изгори, тоа на жртвеникот како спомен за благопријатен мирис пред Господа.
16А она што ќе преостане од неа, му припаѓа за јадење на Арона и на синовите негови; нека го јадат пресно, на свето место; во дворот од скинијата на сведоштвото нека го јадат.
17Да не се пече со квас: тоа е дел што им го давам како дар од приносите Господови; тоа е најголемата светиња како жртвата за грев и жртвата за престап.
18Секое машко меѓу синовите Аронови нека го јаде. Тоа е вечен закон за потомството нивно од приносите на Господа; секој, што ќе се допре до него, ќе биде осветен.«
19И уште му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
20»Тоа е дарот од Арона и синовите негови што ќе Му го принесуваат на Господа во оној ден кога ќе биде помазан: десетти дел од мерката ефа пченично брашно како постојана жртва, половина за наутро, а другата половина за навечер.
21Жртвата треба да се приготвува во тава, со елеј; со елеј и во парчиња принесувај ја; принесувај ја како благопријатен мирис пред Господа.
22А свештеникот меѓу синовите негови, што ќе биде помазан по него, нека го прави тоа; тоа е вечен закон што ќе се извршува.
23И секоја свештеничка жртва треба целата да се гори, и да не се јаде.«
24И пак му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
25»Кажи му на Арона и на синовите негови, и речи им: тоа е закон за жртвата поради грев – на местото каде што се коле жртвата сепаленица, на тоа место нека се коле и жртвата за грев пред Господа, бидејќи тоа е најголемата светиња.
26Свештеникот што ќе ја принесува, нека јаде; на свето масто нека ја јаде, во дворот од скинијата на сведоштвото.
27Сѐ што ќе се допре до местото нејзино ќе се освети; а ако некој ја испрска облеката своја со крвта нејзина, оној дел што ќе биде испрскан нека го испере на свето место.
28И садот земјен, во кој се варела, нека се скрши; ако е, пак, готвена во бакарен сад, нека се истрие со вода нека се измие.
29Секое машко меѓу свештениците нека го јаде тоа; тоа е најголема светиња пред Господа.
30А секоја жртва за грев, од која се внесува крв во скинијата на сведоштвото, за да се изврши очистување во светилиштето, да не се јаде; тоа треба да се изгори.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.