1Ете, сето тоа окото мое го виде, увото мое го чу и го забележав за себеси.
2Колку што знаете вие, знам и јас; не сум подолу од вас.
3Но јас кон Вседржителот би сакал да говорам, би сакал со Бога да се соочам.
4А вие сте ковачи на лаги; сите вие сте бескорисни лекари.
5О, само да бевте молчеле! Тоа би ви се сметало за мудрост.
6Ислушајте ги моите расудувања и проникнете во изразот на устата моја.
7Требаше ли да говорите заради Бога неправда и заради Него да говорите лага?
8Требаше ли да бидете лицепријатни кон Него и за Бога така да се препирате?
9Добри ли ќе биде, Он да ве испитува? Ќе Го измамите ли како што го измамуваат човекот?
10Он строго ќе ве казни, иако скришно лицемерите.
11Зар големината Негова не ве плаши, и страв од Него не ве обзема ли?
12Вашите забелешки прилегаат на пепел; вашата одбрана е глинена ограда.
13Молкнете пред мене, а јас ќе говорам, што и да ме снајде.
14Зар јас самиот да си го раскинувам со забите телото свое? И душата своја да си ја ставам в рака?
15Ете, Он може да ме убие, но јас ќе се надевам; би сакал само однесувањето мое пред лицето Негово да го оправдам.
16И тоа ми е веќе за спасение, бидејќи безбожник нема да се јави пред лицето Негово.
17Ислушајте ги внимателно зборивите мои и објасненијата мои со ушите ваши.
18Ете, започнав судска постапка; знам дека ќе бидам прав.
19Кој има сила да ме надвие? Потоа ќе молкнам и ќе го испуштам духот.
20Само две работи не прави со мене, и тогаш јас нема да се кријам од Твоето лице;
21тргни ја од мене раката Своја, и Твојот ужас да не ме потресува.
22Тогаш прашувај ме, и јас ќе одговарам; или јас да прашувам, а Ти да одговараш.
23Колку се пороците и гревовите мои? Покажи ми го беззаконието мое и гревот мој.
24Зошто го криеш сега лицето Свое од мене и ме сметаш за Твој непријател?
25Зошто со страв го мачиш од ветрот скинатиот лист, зошто ја гониш сувата сламка?
26Зошто пишуваш против мене горчливи пресуди и ми ги сметаш гревовите на младоста моја,
27ги тураш во клада нозете мои и ги демнеш сите мои патишта, – ги испитуваш трагите на нозете мои?
28Животот мој како изгниено дрво се распаѓа, како облека од молци изедена.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
