1Блажен е оној човек, што не оди на советот безбожнички, не застанува на пат на грешници и не седи во друштво на развратници,
2па му омилел законот на Господа и во законот Негов дење и ноќе се поучува;
3тој е како дрво посадено крај воден извор, кое својот род го дава навреме, и чиј лист не вене; и во сѐ што прави, напредува.
4Но не се такви безбожниците; тие се како прав, што го растура ветар по земјата.
5Затоа безбожниците нема да се одржат на судот, ниту грешниците – во соборот на праведниците.
6Зашто Господ го знае патот на преведниците; патот, пак, безбожнички води во погибел.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
