Осија 9 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Радоста минува, настапува одмазда.

1Не радувај се, Израиле, со преголема веселба како другите народи, оти блудствуваш, откако отстапи од својот Бог – и ги милуваш даровите од блуд по сите житни гумна.

2Гумното и кацата нема да ги нахранат, а виното ќе ги измами.

3Тие нема веќе да живеат во земјата Господова: Ефрем ќе се врати во Египет и во Асирија ќе јадат нечисто.

4Нема да вршат преливи со вино за Господа, и неугодни ќе Му бидат жртвите нивни; тие ќе им бидат како леб на нажалени: по сите што ќе го јадат, ќе се осквернуваат, оти нивниот леб е само за душите нивни, а во домот Господов тој нема да се внесе.

5Што ќе правиш во деновите на собирите и во деновите на празникот Господен?

6Оти сите тие ќе си заминат поради запустувањето; Египет ќе ги прибере, Мемфис ќе ги погребе; нивните сребрени драгоцености коприви ќе ги прекријат, во шаторите нивни ќе има трнливи грмушки.

7Дојдоа деновите на твојата казна, дојдоа деновите за отплата. Нека разбере Израилот дека е глупав претскажувачот, безумен е оној што изјавува оти е вдахновен, поради многуте беззаконија и големата омраза.

8Ефрем е на стража до мојот Бог; пророкот е како мрежа за лов на птици по сите негови патишта; има соблазна во домот на неговиот Бог.

9Многу ниско падна, останаа развратени како во деновите на Гива; но Он ќе се присети за нивните беззаконија, ќе ги казни за нивните гревови.

10Како грозје во пустиња го најдов Израилот; како чувар на ран плод на смоква, ги видов Јас татковците нивни, но тие отидоа кај Ваалфегор и се оддадоа на срамни работи, па и самите станаа нечисти како оние, што ги беа засакале.

11Славата на Ефрема ќе одлета како птица; нема да има при нив ни раѓање, ни бременост, ниту зачнување.

12Па макар и да одгледале деца свои, Јас ќе ги одземам; оти тешко ним, кога ќе се оттргнам од нив.

13Ефрем, како што го видов Јас до Тир, се поставил на убаво место; но Ефрем ќе ги изведе децата свои при убиец.

14Дај им, Господи, а што да им дадеш? Дај им утроба, што не раѓа, и – суви гради.

15Сето зло им е во Галгал; таму ги замразив Јас поради нивните лоши дела; ќе ги изгонам од Мојот дом, нема повеќе да ги сакам; сите нивни кнезови се отстапници.

16Поразен е Ефрем; се исуши коренот нивни – нема да принесуваат плод; ако и да родат, Јас ќе го умртвам нивниот сакан плод во утробата нивна.

17Ќе ги отфрли Бог, оти тие не Го послушаа, па затоа ќе бидат скитници меѓу народите.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help