Ппророк Језекиил 7 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Страшна осуда Божја над Израилот.

1И би слово Господово до мене:

2»Ти, сине човечки, кажи – така вели Господ Бог – свршеток на земјата Израилева; дојде свршетокот на сите четири краишта земни.

3Ете, дојде свршетокот за тебе; и ќе го пратам врз тебе гневот Свој, и ќе ти судам според патиштата твои, и ќе ги натоварам врз тебе сите гадотии.

4И окото Мое нема да те зажали и нема да се смилувам, но ќе ти платам според твоите патишта, гадотиите твои ќе бидат со тебе и ќе разберете дека Јас сум Господ.

5Така вели Господ Бог: беда единствена, ете иде бедата.

6Свршетокот дојде, дојде свршетокот, се крена против тебе: ете дојде.

7Дојде напаста до тебе, жителу на овој крај, иде време, се приближува денот на смутот, а не на весели повици по планините.

8Ете, наскоро ќе ја излеам врз тебе јароста Своја и ќе го завршам гневот Свој врз тебе, ќе ти судам според твоите патишта и ќе ги натоварам врз тебе сите твои гадотии.

9И окото Мое нема да те пожали, и нема да се смилува. Според твоите патишта ќе ти отплатам, и твоите гадотии ќе бидат со тебе; и ќе узнаете, дека Јас сум Господ, Кој казнува.

10Ете го денот, еве дојде, настапи напаста, процути жезалот, гордоста пупи.

11Силата станува против жезалот на беззаконието: ништо нема да остане од нив, – ни од богатството нивно, ниту од шумата нивна, ниту, пак, од раскошот нивни.

12Дојде времето, настапува денот: купувачу, не радувај се, продавачу не плачи, зашто гневот е врз нив сите.

13Оти, кој продал, нема да се врати при продаденото, макар да останал жив; бидејќи пророчкото видение за целото нивно множество нема да се одмени, и никој со беззаконието свое нма да го зацврсти животот свој.

14Трубат со трубата и сѐ се готви, но никој не оди во војна; оти Мојот гнев е врз сето нивно множество.

15Надвор од куќата – меч, а во куќата – помор и глад. Кој се наоѓа во полето, од меч ќе умре, а кој е во градот, него гладот и поморот ќе го проголта.

16А спасените од тоа ќе избегаат и ќе бидат во планините како гулаби од долина; сите тие ќе стенкаат, секој за своето беззаконие.

17На сите рацете ќе им опаднат, и на сите колената ќе им затреперат како вода.

18Тогаш ќе се опашат во вреќишта и трепет ќе ги опфати; и лицето на сите ќе ги покрие срам и на главите – нивни ќе има ќелавост.

19Среброто ќе си го исфрлаат по улици и златото нема да го почитуваат. Среброто нивно и златото нивно нема да биде во сила да ги спаси во денот на Господовата јарост. Тие нема да ги наситат со нив душите свои, и нема да ги наполнат утробите свои бидејќи тоа беше причина за нивниот грев.

20И со убавиот накит свој тие се гордееја и правеа уметнички творби за гадотиите свои со идоли; затоа ќе го направам нечисто за нив.

21И ќе го дадам како плен во рацете на туѓинци и на грешници земни, за да го разграбаат, и тие ќе се осквернат.

22И ќе го одвратам од нив лицето Свое и ќе го осквернат Моето сокриено место; и ќе влезат таму грабители и ќе го осквернат.

23Проготвив вериги, оти таа земја е полна со крвави злодејства, и градот е полн со насилие.

24Јас ќе доведам најлоши народи и тие ќе ги завладеат домовите нивни. И ќе ставам крај на гордоста кај силните, и ќе бидат осквернети и светињите нивни.

25Иде погибелта; ќе бараат мир и нема да го најдат.

26Беда ќе следува по беда и вест по вест; и ќе бараат од пророкот видение и нема да има наука кај свештениците и совет кај старците.

27Царот ќе тажи, и кнезот ќе се облече во ужас, и рацете на народот во земјата ќе треперат. Ќе постапам со нив според нивните патишта, според нивниот суд ќе ги судам; и ќе узнаат, дека Јас сум Господ.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help