Јеремија 43 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Јудејците и покрај опомената Божја одат во Египет.

1Кога Јеремија му ги изговори на сиот народ овие зборови на нивниот Господ Бог, сите тие зборови со кои нивниот Господ го прати до нив,

2тогаш Азариј, синот Осаиев, и Јоанан, синот Кареев, и сите охоли луѓе му рекоа на Јеремија: »Тоа, што го зборуваш не е вистина; Господ, нашиот Бог, не те прати да кажеш – ‚не одете во Египет, за да живеете таму‘

3туку Варух, синот Нириев, те наговори против нас, за да нѐ предадеш во рацете на Халдејците, па да нѐ убијат, или да нѐ одведат како робови во Вавилон.«

4И Јоанан, синот Кареев, сите војводи и сиот народ не го послушаа гласот на Господа, за да останат во земјата Јудејска:

5Тогаш Јоанан, синот Кареев, и сите војводи го поведоа сиот остаток од Јудејците, кои се беа вратиле од кај сите народи, каде што беа прогонети, за да живеат во земјата јудејска;

6мажи, жени, деца, царевите ќерки и сите оние, кои Навузардан, началник на телохранителите, ги остави со Годолија, синот на Ахикама, син Сафанов, и пророкот Јеремија, и Варуха, синот Нириев;

7па отидоа во земјата Египетска, бидејќи не го послушаа гласот на Господа, и стигнаа до Тафнис.

8И би слово Господово до Јеремија во Тафнис:

9земи во рацете големи камења и сокри ги во измесена глина пред влезот на Фараоновиот дом во Тафнис, пред очите на Јудејците,

10и кажи им – вака вели Господ Саваот, Бог Израилев: еве, ќе пратам и ќе го доведам Навуходоносора, царот вавилонски, слугата Свој, и ќе го поставам престолот негов врз овие камења што ги сокрив, и тој ќе го распне над нив својот великолепен шатор

11и ќе дојде, па ќе ја порази Египетската земја: и кој е за смрт, ќе биде предаден на смрт; и кој е за ропство, ќе отиде во ропство, а кој е за под меч – под меч.

12Па ќе запалам оган во светилиштата на боговите египетски; и тој ќе ги изгори, а нив ќе ги зароби, и ќе се нагрне со Египетската земја, како пастир што се наметнува со облеката своја, па ќе си отиде оттаму со мир.

13И ќе ги собори статуите на Бетсамис, што се наоѓаат во Египетската земја, и светилиштата на египетските богови ќе ги изгори со оган.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help