1Зошто Боже, нѐ отфрли засекогаш? Зошто гневот Твој се разгоре на овците од Твоето пасиште?
2Сети се на Твојот народ, кого уште од порано го придоби, ги избави со жезалот како наследсто Твое, тоа е гората Сионска, на која си се населил.
3Крени ги рацете Свои против нивната крајна гордост, против сите зла што непријателот ги направи во светилиштето Твое.
4И се пофалија Твоите непријатели среде празникот Твој; поставија свои бојни знаци како знамиња, но не ги познаа.
5зашто горе при влезот многу ги имаше,
6па како во густа горичка со секира ја исекоа нејзината врата, со секира и дрвен чекан одеднаш ја скршија;
7го запалија со оган Твоето Светилиште, го осквернија на земјата местото, на кое името Твое престојува.
8Рекоа во срцата свои оние што беа сродни на нив: »Ајде да отстапиме од сите Божји празници на земјата!
9Знаците свои не ги гледаме, нема повеќе ни пророк, и за нас нема веќе да се знае.«
10До кога, Боже, ќе се гордее над нас непријателот? Вечно ли противникот ќе го дразни името Твое?
11Зошто ја одвраќаш раката Своја и десницата Своја во пазувите Свои ја држиш?
12Но Бог е Царот наш уште од пред вековите, Он приготвил спасение среде земјата!
13Боже, со силата Своја Ти си ги утврдил морињата, и гисотре главите на водните страшила.
14Ти ѝ ја здроби главата на змијата и им ја даде како храна на народот етиопски.
15Ти ги отвори изворите и потоците, ти ги исуши реките итамски.
16Твој е денот и Твоја е ноќта: Ти си ги постави светилата и сонцето;
17Ти ги создаде сите предели на земјата, летото и пролетта Ти ги определи.
18Сети се сепак на ова; непријателот го навреди Господа; луѓе безумни го раздразнија Твоето име.
19Не прадавај ја на ѕверовите душата на оние кои се надеваат на Тебе; не заборавај ги засекогаш душите не сиромасите Твои.
20Погледај на Својот завет, зашто сите мрачни домови по земјата се исполнија со беззаконици;
21Да не се врати посрамен потиснатиот; сиромавиот и бедниот ќе го прославуваат Твоето име.
22Стани Боже, по правдата Своја пресуди; сети се како секој ден Те хули безумникот.
23Не заборавај го гласот на оние кои Ти се молат; гордоста на оние што Те мразат постојано се крева против Тебе.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
