1Секоја душа да им се потчинува на претпоставените власти, зашто нема власт, што не е дадена од Бога.
2Затоа, оној што се противи на власта, тој се противи на Божјата наредба. А оние, што се противат, тие ќе паднат под осуда.
3Затоа, началниците не се страшни за добрите дела, туку за лошите; сакаш ли, пак, да не се боиш од власта, тогаш прави добри дела, па ќе добиеш и пофалба од неа;
4оти таа е слугинка Божја, за твое добро. Ако, пак, правиш зло, тогаш страхувај, бидејќи тој не носи залудо оружје; тој е служител Божји и со гнев се одмаздува на оној што прави зло.
5Затоа треба да се покорувате, и тоа не само поради страв, туку и поради совеста своја.
6Затоа и данок плаќате, оти тие се Божји служители, и со тоа постојано се занимаваат.
7И така, дајте секому, што сте му должни: кому данок – данок; кому давачка – давачка; кому страв – страв; кому чест – чест.
8И не должете никому ништо освен да се сакате еден со друг; зашто оној, што го љуби ближниот, го исполнува Законот.
9Бидејќи заповедите: »Не прави прељуба, не убиј, не кради, не сведочи лажно, не барај туѓо!«, и секоја друга заповед се содржат во овие зборови: »Љуби го ближниот како самиот себеси!«
10Љубовта не му прави зло на ближниот; и така, љубовта е исполнување на Законот.
11Па, знаејќи го ова време дека дошол веќе часот, тоа да се разбудиме од сонот, оти спасението е сега поблиску до нас, отколку кога поверувавме.
12Ноќта помина, а денот се приближи: да ги отфрлиме, пак, сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината.
13Да одиме чесно како дење – не во срамни гоштавки и пијанство, не во блуд и нечистотија, ниту, пак, во препирка и завист;
14туку облечете се во Господа нашиот Исуса Христа, и грижата за телото не претворувајте ја во похоти.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
