2. Коринтјаните 8 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Опомена на милостиња за сиромашните христијани во Ерусалим.

1Браќа, ве известуваме за благодатта Божја, дадена на црквите македонски,

2дека при поднесувањето на многу маки нивната радост беше изобилна; и при својата голема сиромаштија покажаа големо богатство на својата добродушност,

3зашто според можностите нивни, јас сум сведок, а и преку нив, тие даваа доброволно;

4нѐ молеа необично многу, да го примиме нивниот дар и учеството во прислужувањето на светиите;

5и тоа не како што се надевавме, туку тие најнапред сами себе Му се предадоа на Господа, а потоа и на нас, по волјата Божја.

6Затоа го замоливме Тит, онака како што беше почнал порано, така и при вас да го заврши тоа добро дело.

7И како што сѐ изобилува во вас: верата и словото, разумот и секоја усрдност и љубовта ваша кон нас, така нека изобилува во вас и таа добродетел.

8Ова ви го велам не како заповед, туку преку усрдноста на другите да ја испитам искреноста и на вашата љубов.

9Бидејќи вие ја знаете милоста на нашиот Господ Исус Христос дека Он, бидејќи богат, осиромаши поради вас, та и вие да се збогатите преку Неговата сиромаштија.

10А со ова ви давам совет, зашто тоа е полезно за вас, кои не само го правевте, туку и почнавте да сакате да го правите уште од минатата година.

11А сега довршете го започнатото дело, та, како што имаше усрдност во вашето барање, така усрдно нека биде и неговото довршување според средствата.

12Оти, ако некој има добра волја, мил е по она што го има, а не по она што го нема.

13Зашто не сакам на другите да им биде лесно, а вам – тешко, туку подеднакво:

14сегашниот ваш одвишок да го дополни нивниот недостиг, та и нивниот одвишок да послужи за вашиот недостиг, па да има еднаквост,

15како што е напишано: »Кој собрал многу, немал одвишок; и кој малку, немал недостиг«.

16Да Му благодариме на Бога, Кој во срцето на Тит вложи таква грижа за вас.

17Вистина, јас го молев, но тој, бидејќи многу ревносен, доброволно тргна кон вас.

18Со него испративме еден брат, пофалуван за неговото благовестие по сите цркви;

19и не само тоа, туку и избран од црквите, за да нѐ придружува во тоа добро дело, на кое му служиме за слава на Самиот Господ и за вашата добра волја,

20пазејќи се, да не би некој да нѐ укори поради обилните приноси, за чие собирање се грижиме ние.

21Оти ние се трудиме за доброто не само пред Господа, туку и пред луѓето.

22Со нив го испративме и нашиот брат, чија ревност многупати сме ја испитале во многу работи, и кој сега е уште поревносен поради големата увереност во нас.

23Што се однесува до Тит, тој е мој другар и сотрудник помеѓу вас; а по однос на нашите браќа, тие се пратеници на црквите. Христова слава.

24И така, посведочете им ја вашата љубов и пофалбите наши за вас, како ним, така и пред црквите.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help