1Јосија имаше осум години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим триесет и една година.
2Тој го вршеше она што беше угодно пред очите Господови, одеше по патиштата на таткото свој Давида и не скршнуваше ни лево ни десно.
3На осмата година од царувањето свое, бидејќи уште беше момче, почна да прибегнува кон Бога на таткото свој Давида, а на дваесеттата година почна да ја чисти Јудеја и Ерусалим од идолските светилишта, од посветените дрвја и од извајаните и излеаните идоли.
4Зашто пред лицето негово ги разрушија жртвениците на Вааловци и идолите, што се издигаа над нив; ги исече посветените дрвја, а извајаните и излеаните идоли ги скрши и разби во прав, растурајќи ги по гробовите на оние, што им беа принесувале жртви;
5коските на жреците ги изгори врз нивните жртвеници, ја исчисти Јудеја и Ерусалим.
6Во градовите на Манасија, Ефрема и Симеона, дури до коленото Нефталимово, и во нивните опустошени околини,
7тој ги собори жртвениците и посветените дрвја, ги разби во прав ликовите и ги скрши сите идоли по целата Израилска земја, и се врати во Ерусалим.
8На осумнаесеттата година од царувањето свое, откако беше исчистена земјата и Божјиот дом, тој го испрати Сафана, синот Азалиев, Масија, градоначалникот, и Јоаха, син Јоахазов, летописец, за да го обноват домот на Господа, нивниот Бог.
9Тие отидоа кај свештеникот Хелкија и го предадоа принесеното во Божјиот дом, што го беа собрале левитите, стражари при прагот, од рацете на Манасија, Ефрема, од сите други Израилци, од синовите на Јуда и на Венијамина и од жителите ерусалимски.
10Го дадоа тоа во рацете на распоредниците, одредени при домот Господов, да го раздаваат на работниците, што ќе работат во Господовиот дом на поправката и обновувањето на домот.
11И тие им раздаваа на дрводелците и ѕидарите, за да купуваат делкани камења и дрвја за врски и за покривање, на зградите, кои јудејските цареви ги беа разрушиле.
12Тие луѓе чесно ја вршеа својата работа, а за надзорници над нив беа поставени Јат и Овадија, левити од Мерариевите синови, и Захарија и Месулам од Катовите синови, и сите левити, што умееја да свират не музички направи.
13Тие беа одредени над носачите и ги надгледуваа сите работници при секоја работа: а другите левити беа и писари, и распоредници, и вратари.
14Кога го вадеа среброто, што беше принесено во Господовиот дом, свештеникот Хелкија ја најде книгата на законот Господов, даден преку Мојсеевата рака.
15Проговори Хелкија, па му рече на писарот Сафана: »Ја најдов книгата на Законот во домот Господов.« Хелкија му ја даде книгата на Сафана.
16А Сафан ја однесе книгата при царот и притоа му ја донесе на царот оваа вест: »Твоите слуги вршат сѐ што им е таму наредено.«
17Го истурија среброто, што се наоѓаше во домот Господов, и го предадоа во рацете на одредените и во рацете на распоредниците.
18Писарот Сафан му јави уште на царот и рече: »Оваа книга ми ја даде свештеникот Хелкија.« И Сафан ја прочита пред царот.
19Кога ги чу царот зборовите на Законот, ја раскина својата облека.
20И му заповеда царот на Хелкија и на Ахикама, син Сафанов, на Авдона, син Мехеев, и на писарот Сафана и на царскиот слуга Асаија, велејќи:
21»Одете и прашајте Го Господа за мене, за другите во Израилот и за Јуда за зборовите на таа најдена книга, зашто голем е гневот Господов, кој пламна врз нас, затоа што татковицте наши не ги запазија Господовите зборови, за да постапуваат во си што е напишано во таа книга.«
22Тогаш Хелкија и оние, што беа од царот, отидоа кај пророчицата Олдама, жена на Салума, син на Текуја, син на Асра ризничарот, – а таа живееше во вториот дел на Ерусалим, – и говореа со неа за тоа.
23Таа им рече: »Вака вели Господ, Бог Израилев: кажете му на оној човек, што ве испратил кај мене.
24Вака вели Господ: ‚ете, ќе испратам зло врз ова место и врз жителите негови – сите проклетства, напишани во книгата, што ја читав пред лицето на јудејскиот цар,
25поради тоа што Ме оставија и кадеа на други богови, за да Ме разгневат со сите дела на рацете свои. Затоа гневот Мој ќе се разгори над ова место и нема да згасне.‘
26А на царот јудејски, кој ве испрати да Го прашате Бога, кажете му: ‚вака вели Господ, Бог Израилев, за зборовите, што си ги чул:
27бидејќи срцето ти омекна, и ти се смири пред Господа, откако чу, што вели Он за ова место и за жителите негови, што се смири пред Мене и ја раскина облеката своја и плачеше пред Мене, за тоа и Јас те чув, вели Господ.
28Ете, Јас ќе те приберам кај татковците твои, и ќе бидеш положен со мир во гробницата своја, и очите твои нема да го видат сето она зло, што ќе го испратам врз ова место и против жителите негови.‘« И му го однесоа одговорот на царот.
29Тогаш царот испрати, та ги собра сите старешини од Јудеја и Ерусалим,
30па отиде царот во домот Господов, и со него сите Јудејци и жителите ерусалимски, и свештениците, и левитите, и сиот народ, од голем до мал; и им ги прочита тој гласно сите зборови од книгата на заветот, најдена во домот Господов.
31Потоа царот се исправи на местото свое и склучи завет пред лицето на Господа – да Го следат Господа и да ги запазат од сѐ срце и со сета душа заповедите Негови, откровенијата негови и законите Негови, та да ги извршат зборовите на заветот, напишани во таа книга.
32И царот им заповеда на сите, што беа во Ерусалим и во земјата Венијаминова, да го потврдат тоа; и почнаа жителите ерусалимски да постапуваат според заветот на Бога, Бога на татковците свои.
33И ги премавна Јосија сите гадотии од сите земји на Израилевите синови, и им заповеда на сите во земјата Израилева да Му служат на Господа, својот Бог. И во сите денови на животот негов тие не отстапуваа од Господа Бога на татковците нивни.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.