1Боже, дај му го на царот Својот суд, а на царевиот син – Својата правда,
2за да им суди праведно на Твоите луѓе и на сиромасита Твои по правда.
3Горите нека им донесат мир на луѓето, и ритчињата – праведност,
4Он ќе им суди на бедните меѓу луѓето, и ќе ги спаси синовите на сиромасите, а клеветникот ќе го понизи.
5И ќе живеат, додека постои сонцето и месечината – од род во род.
6И ќе слезе како дожд на ливада, како капки што наросуваат земја.
7Во Негово време ќе зацари правда, и ќе има изобилен мир сѐ додека не се одземе месечината.
8И ќе владее од море до море и од реката до краиштата на земјата.
9Пред Него ќе паднат ничкум Етиопјаните, и непријателите Негови ќе ја лижат прашината;
10царевите на Тарсис и островјаните дарови ќе му принесуваат; и царевите на Арабија и од Саба дарови ќе му донесуваат.
11И ќе Му се поклонуваат сите цареви; ќе Му служат сите народи;
12зашто Он ќе избави беден од силник и сиромав, кој нема помошник.
13Ќе го поштеди бедниот и сиромавиот и ќе го спаси животот на сиромасите;
14од лихви и неправди ќе ги избави душите нивни, и чесно ќе биде името нивно пред Него;
15и Он ќе поживее, па ќе му даваат арабиско злато; и ќе Му се молат непрестајно, секој ден ќе Го благословуваат;
16Ќе има тврдина на земја, по врвовите на горите; плодот Негов ќе се издига над Ливан, а во градовите луѓето ќе се размножуваат како тревата по земјата,
17Неговото име нека биде благословувано вечно: уште пред сонцето Неговото име постои; и во Него ќе бидат благословени сите земни племиња, а и сите народи ќе Го ублажуваат.
18Нека е благословен Господ Бог, Бог Израилев, Кој само Он прави чудеса;
19и нека е благословено Неговото славно име довека, и со славата Негова нека се исполни целата земја! Амин и амин!
20Завршија молитвите на Давида, Јесеевиот син.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
