1Прими ја Боже, молитвата моја и не презирај го моето молење;
2погледај ме и услиши ме. Нажален сум во тагата моја
3и збунет сум од гласот на напријателите, од притисокот на грешниците, зашто вршат врз мене беззаконие и со гнев непријателствуваат против мене.
4Срцето мое затрепери во мене, и смртен страв ме спопадна;
5страв и трепет ме сполетаа, и темнина ме покри.
6И јас реков: »Кој ќе ми даде крилја гулабови, па да одлетам и се успокојам.«
7Далеку би отишол и би се сместил во пустињата;
8се надевав на Оној Кој ме спасува од малодушноста и од бурата.
9Потопи ги, Господи, и раздели ги нивните јазици, зашто видов насилство и расправии во градот.
10Дење и ноќе обиколуваат покрај ѕидовите негови; и во него беззаконие, мака и неправда има;
11а не оскудеваше ни измама и лукавство по улиците негови.
12Да ме беше навредил непријателот мој, тоа би го поднел, и завидливецот мој да се беше покажал силен, јас ќе се сокриев;
13но тоа беше ти, човеку, кој си како јас, водач мој и пријател мој,
14со кого сме јале леб заедно и сме оделе заедно во Божји дом!
15Смртта дојде на нив; да слезат живи во пеколот, зашто лукавство има среде нив, во живеалиштата нивни.
16Јас, пак, Бога ќе го повикам, и Господ ќе ме услиши.
17Навечер и наутро, и напладне ќе молам и ќе викам, и Он ќе го чуе гласот мој,
18ќе ја избави во мир душата моја од оние, кои ми се приближуваат, зашто многу ги има што беа против мене,
19Бог ќе ме чуе и ќе ги понизи; Оној, Кој вечно живее, зашто во нив нема промена; тие не се плашат од Бога.
20Ги креваат рацете свои против оние, со кои живееја во мир, го нарушија Неговиот завет.
21Се растурија од гневот на лицето Негово, а во срцето им е непријателство; зборовите им станаа како елеј, но тие се стрели.
22Пренеси ја на Господа маката своја, и Он ќе те поткрепи. Не дозволувај праведниот човек да пострада.
23Ти, Боже, ќе ги фрлиш во погибелна јама; крвниците и лукавите луѓе да не поживеат ни половина од деновите свои. Јас, пак, Господи, на Тебе се надевам!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
