1И му рече Господ на Мојсеја во Синајската пустиња во првиот месец од втората година, откако беа излегле од Египетската земја, велејќи:
2»Нека напарват синовите Израилеви Пасха во определеното за неа време:
3на четиринаесеттиот ден од тој месец вечерта направете ја во определеното време за неа; според занокот за неа и со сите обреди за неа направете ја!«
4И им рече Мојсеј на синовите Израилеви да направат Пасха.
5И направија Пасха во првиот месец, на четиринаесеттиот ден од месецот вечерта, во Синајската пустиња: како што му заповеда Господ на Мојсеја, така и постапија во си синовите Израилеви.
6А имаше луѓе, кои беа нечисти од допир до мртви човечки тела, па не можеа да направат Пасха во оној ден; и дојдоа тие луѓе во оној ден кај Мојсеја и Арона,
7и му рекоа на Мојсеја: »Ние сме нечисти од допир до мртви човечки тела; зошто не ни дозволуваат и ние да му принесеме принос на Господа во определеното време меѓу синовите Израилеви?«
8И им рече Мојсеј: »Почекајте да чујам, како ќе заповеда Господ за вас.«
9И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
10»Кажи им на синовите Израилеви: ако некој од вас или од потомците ваши биде нечист поради допир до мртво тело, или биде на долг пат, при вас или кај родовите ваши, и тој нека направи Пасха Господова.
11Таквите нека ја направат во четиринаесеттиот ден од вториот месец вечерта и нека ја јадат со бесквасен леб и со горчливи тревки;
12и да не оставаат од неа за утрешниот ден и коските нејзини да не се кршат; нека ја направат според сите наредби за Пасха.
13А оној што е чист, а не бил на долг пат и не направи Пасха, – да се истреби таа душа од народот свој, зашто тој не Му принесол дар на Господа во определеното време: грев нека прими врз себе тој човек.
14Ако при вас живее придојден и тој треба да направи Пасха Господова; според наредбата за Пасха и спред обредот за неа тој трева да ја направи; една наредба нека е за вас – и за придојден, и за тукашен.«
15Во оној ден кога беше поставена скинијата, облак ја покри скинијата и домот на сведоштвото, и до вечерта па до мугри со гледаше нешто како оган над скинијата.
16Така стануваше секогаш: облак ја покриваше дење и нешто како оган – ноќе.
17И штом облакот ќе се кренеше од скинијата, синовите Израилеви тргнуваа на пат, и на местото, каде што облакот запираше, таму се сместуваа синовите Израилеви.
18По заповед на Господа синовите Израилеви тргнуваа на пат и по заповед на Господа застануваа: за сето време, додека облакот сотеше над скинијата, стоеја и тие;
19и ако облакот долго време остануваше над скинијата, синовите Израилеви го набљудуваа тој Господов знак и не тргнуваа.
20Понекогаш, пак, облакот малку време остануваше над скинијата: според знакот Господов тие се запираа и според знакот Господов тргнуваа на пат.
21Понекогаш облакот стоеше само од вечечерта до утрината, и наутро облакот се креваше, тогаш и тие тргнуваа; или облакот стоеше и дење и ноќе, и кога ќе се кренеше, тогаш и тие тргнуваа;
22или ако еден ден, или цел месец, облакот остануваше над скинијата, тогаш и синовите Израилеви стоеја и не тргнуваа на пат; а кога ќе се издигнеше, тогаш тргнуваа.
23На знакот Господов се запираа и според знакот Господов тргнуваа на пат, го набљудуваа знакот Господов по заповедта на Господа, дадена преку Мојсеја.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.