1Зошто се бунат народите, и племињата смислуваат лоши работи?
2Се креваат царевите земски, и кнезовите се собираат заедно против Господа и Неговиот Помазаник.
3»Да ги раскинеме врските нивни и да го отфрлиме од себе јаремот нивни.«
4Оној, Кој живее на небесата, ќе им се смее и Господ ќе ги исмее.
5Тогаш во гневот Свој ќе им говори и со јароста Своја ќе ги збуни:
6»Јас го помазав Царот Свој на Сион, на Мојата Света Гора.«
7Ќе го кажам определението – Господ Ми рече: »Ти си Син Мој, Јас денес Те родив.«
8И побарај од Мане, и ќе Ти ги дадам народите во Твое наследство, и краиштата на замјата – во Твоја власт.
9Ти ќе ги пасеш со железен жезал; ќе ги разбиваш како грнчарски сад.
10И сега цареви, вразумете се; поучете се, судии земни!
11Служете Му на Господа со страв и радувајте се со трепет.
12Почитувајте го Синот, та да не се разгневи, и на патот свој да не погинете; зашто Неговиот гнев брзо ќе се разгори. Блажени се сите, кои на Него се надеваат.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
