Мудрост Сирахова 46 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Пофалба на предците. (Продолжеток).

1Храбр јунак во борбите беше Исус, Навиновиот син и во пророштвата наследник на Мојсеј;

2според своето гоелмо име тој се покажа како голем бранител на Божјите избраници, одмаздувајќи им се на востанатите непријатели, и така Израел да го воведе во наследството негово.

3Колку се прослави кога рацете свои ги издигна и кога мечот свој кон градовите го пружи!

4Кој бил некогаш како него? Тој борби Господови водел.

5Не застанало ли сонцето од раката негова и од ден – не станаа ли два?

6Севишниот Бог тој Го повика, кога од сите страни непријателот го беа опкружиле, и Господ гласот негов го послуша;

7град како камења пушти од небото врз непријателите и ги порази противниците по падините на планината,

8за да го познаат незнабошците оружјето Негово, дека борбата се одвивала пред Господа, тој само одел по Сесилниот.

9И во деновите на Мојсеј добро дело направи, тој и Калев, Јефунеовиот син, кога им се противставија на разбунтуваните, народот го задржаа од грев и ги смирија гласовите на побуната.

10Од шестотини илјади што патуваа само тие двајца беа спасени, за да го воведат народот во ветената земја – таму каде што тече мед и млеко.

11И му даде Господ на Калев сила, којашто до старост остана во него, за да се искачи по високите места, којашто е наследство на неговото племе;

12за да видат сите синови Израелски дека е добро по Господа да се оди.

13Така и судиите, секој според своето име, чии срца верни на Господ беа и од Бога не отстапуваа; соменот за нив благословен нека биде!

14Коските нивни да се расцутат од гробот!

15Славата на нивното име нека премине на нивните синови – за нивно прославување!

16Миленикот Господов, Самуил Негов пророк, основа царство и за народот свој цареви му помаза,

17Според законот на Господ тој му судеше на народот, и Господ го посети Јакова;

18по својата вера беше вистински пророк, а според она што говореше – вистински предвидуваше.

19Кога народот од секаде беше притиснат, кон Бога во неволјата своја повика и младо на жртва принесе.

20Тогаш Господ од небо силно загрме и во силната бучава се слушна гласот Негов,

21ги погуби водачите тирски и сите кнезови филистејски.

22Пред да се пресели во вечниот покој, тој посведочи пред Господ и пред Неговиот помазаник: »Од никого имот не сум зел, дури ни обични обувки и никој не го укорив.«

23И по својата смрт пророкуваше: на царот крајот негов му го објави; и во пророкувањето од земјата гласот свој го подигна, за да го отстрани беззаконието во народот.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help