1Еве ги зборовите од писмото, кое пророкот Јеремија го испрати од Ерусалим до другите старешини меѓу преселените, до свештениците, до пророците и до сиот народ, кој Навуходоносор беше го одвел од Ерусалим во Вавилон,
2откако беа излегле од Ерусалим царот Јехонија, царицата, дворјаните, кнезовите на Јудеа и на Ерусалим, дрводелците и ковачите,
3преку Елеаса, синот Сафанов, и преку Гамарија, синот Хелкиев, кои јудејскиот цар Седекија ги испрати во Вавилон до вавилонскиот цар Навуходоносора,
4– вака вели Господ Саваот, Бог Израилев, до сите заробени, кои Јас ги преселив од Ерусалим во Вавилон –
5правете куќи и живејте во нив, садете градини и јадете ги плодовите нивни;
6женете се и раѓајте синови и ќерки; и на синовите земајте им жени и ќерките и мажете ги, за да раѓаат синови и ќерки, па размножувајте се таму, а не да се намалувате.
7Грижете се за доброто на градот, во кој ве преселив, и молете Му се на Бога за него; оти, ако му е нему добро, и вие ќе имате мир.
8Зашто така вели Господ Саваот, Бог Израилев: нека не ве мамат вашите пророци, кои се меѓу вас и вашите бајачи; и не верувајте им на соништата што ги сонувате.
9Лажно ви пророкуваат во Мое име; Јас не сум ги пратил, вели Господ.
10Бидејќи така вели Господ – кога во Вавилон ќе исполните седумдесет години, тогаш ќе ве посетам и ќе го исполнам Мојот добар збор за вас, за да ве вратам на ова место.
11Оти само Јас ги знам замислите, што сум ги смислил за вас, вели Господ, замислите за добро, а не за зло, за да ви дадам иднина и надеж.
12Па ќе повикате по Мене, ќе појдете и ќе Ме замолите, и Јас ќе ве чујам;
13ќе Ме побарате, и ќе Ме најдете, ако Ме побарате од сѐ срце.
14Ќе Ме најдете, вели Господ, и ќе ве вратам од ропство и ќе ве соберам од кај сите народи и од сите мсета, каде што ве изгонив, вели Господ, и ќе ве вратам онаму, од каде што ве преселив.
15Вие велите: »Господ ни издигна пророци и во Вавилон.«
16Така вели Господ за царот, кој седи на Давидовиот престол, и за сиот народ, што живее во тој град; за браќата ваши, што не се одведени со вас во ропство.
17Вака вели Господ Саваот за нив – еве, ќе испратам врз нив, меч, глад и помор и ќе ги направам како лошите смокви, што не можат да се јадат поради негодниот вкус;
18и ќе ги гонам со меч, глад и помор и ќе ги предадам на зло кај сите земни царства, за проклетство и ужас, за потсмев и навреда меѓу сите народи, каде што ќе ги оттерам,
19поради тоа што не ги слушаа зборовите Мои, вели Господ, што ги праќав до нив преку слугите Мои, пророците, ги праќав од рано утро, но не послушавте, вели Господ.
20А вие, сите преселиен, што ве пратив од Ерусалим во Вавилон, чујте го словото Господово:
21вака вели Господ Саваот, Бог Израилев, за Ахава, синот на Колија, и за Седекија, синот на Масеа, кои ви пророкуваат лага во Мое име: еве, Јас ќе ги предадам во рацете на вавилонскиот цар Навуходоносора, и тој ќе ги убие пред очите ваши.
22И сите преселени Јудејци, кои се во Вавилон, ќе се научат од нив да колнат: »Да ти направи Господ, како што им направи на Седекија и на Ахава, кои вавилонскиот цар ги изгоре на оган,«
23поради тоа што вршеа гнасни работи во Израилот: прељубодејствуваа со жените на ближните свои и во Мое има кажуваа лага, што не сум им заповедал; Јас го знам тоа и Сам сум сведок, вели Господ.
24И на Семаја од Елам речи му:
25вака вели Господ Саваот, Бог Израилев: поради тоа што во свое име праќаше писма до сиот народ во Ерусалим и до свештеникот Софонија, син Масејев, и до сите свештеници, велејќи:
26Господ те поставил за свештеник место свештеникот Јодај, за да бидеш меѓу надзорниците во домот Господен, та секој што беснее и пророкува, да го затвориш и да го ставиш во клада.
27Зошто не му забраниш на Јеремија од Анатот да пророкува кај вас?
28Заради тоа и до нас во Вавилон испрати да кажат: »ропството ќе трае долго – правете куќи и живејте во нив, обработувајте ги градините и јадете ги плодовите нивни.«
29Кога свештеникој Софониј го прочите тоа писмо на глас пред пророкот Јеремиј,
30тогаш би слово Господово до Јеремија:
31Испрати, па кажи им на сите преселени – вака вели Господ за Семаја од Елам – бидејќи Семаја пророкува кај вас, а Јас не сум го пратил, и ви кажува лажна надеж,
32затоа, вака вели Господ: еве, ќе го казнам Семаја од Елам и племето негово; ќе нема од него човек да живее меѓу овој народ и нема да го види доброто, што ќе му го направам на Мојот народ, вели Господ – оти тој зборува против Господа.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.